27 Април, 2024
0.0275

ЕуроНикел: Преку ГСОЛ, ФЕНИ е на чист пат за излез од стечајот

Објавено во: Економија 06 Март, 2018

Добивај вести на Viber

ФЕНИ Индустри успешно го враќа производството, ја демонстрира компетентноста на ЕуроНикел и означува чист пат за излез од стечајот

(Скопје, 06.03.2018) – ЕуроНикел предлага пат за излез од стечајот за ФЕНИ. Поддржувајќи ја компанијата во најтешкиот период и по успешното рестартирање на производството, имаме сериозен предлог до сите должници на ФЕНИ и цврст инвестициски план за раст и успех на компанијата.

ЕуроНикел започна постапка за исплата на сите побарувања од ФЕНИ Индустри на сите признати доверители кои се дел од стечајната маса. Веќе во следните неколку дена, 60% од сите побарувања на доверителите ќе бидат исплатени, а останатите 40% ќе бидат исплатени во период од една година по вообичаената детална анализа и преглед на документацијата со побарувањата. Ова ќе стави крај на неизвесноста за ФЕНИ Индустри и 100% од прифатените побарувања во стечајната постапка ќе бидат исплатени. Доверителите се покануваат да се состанат со претставниците на ЕуроНикел во наредните денови, со цел да ги достават своите барања и да ја комплетираат постапката.

Денес имаме јасен и опиплив знак на стабилизација и успешно враќање на производството. Тоа е резултат на напорната работа на вработените во ФЕНИ и компетентноста на ГСОЛ - ЕуроНикел. ГСОЛ веќе инвестираше над 20 милиони евра во иднината на ФЕНИ и работи на тоа да го направи ФЕНИ водечки европски производител на фероникел. ГСОЛ – ЕуроНикел е исто така  најверодостојниот инвеститор во ФЕНИ кој потпиша договор за соработка и успешно го врати ФЕНИ во производство за само 30 дена. ГСОЛ – ЕуроНикел успеа да ги достави сите потребни природни и финансиски ресурси во фабриката за производство и ги прифати долговите на сите вработени во стечајната постапка.

„По денешното успешно враќање на производството, исплатата на сите доверители на ФЕНИ Индустри е со цел да се реши сегашната ситуација, да се стави крај на неизвесноста на вработените, како и сите соработници на ФЕНИ, да се даде конкретна слика за иднината и да се осигура позитивен развој. Со сите чекори и иницијативи што се преземени досега од нас, покажавме дека ги имаме финансиските ресурси, оперативниот капацитет, природните ресурси и знаењето за управување со ФЕНИ. Целокупната исплата на сите побарувања е дел од исполнувањето на ветувањето што го дадовме на самиот почеток, дека нашата цел и намера е долгорочна иднина за ФЕНИ Индустри, да произведува со полн капацитет и да стане лидер во преработката на фероникел на европскиот пазар", рече Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матична компанија на ЕуроНикел. "Нашите финансиски и оперативни заложби денес почнаа да даваат резултати кои се од корист како за локалната, така и за пошироката заедница, вработените во ФЕНИ и сите партнери на комбинатот."

Дополнителни информации:

Формиран во 2009 година, ГСОЛ е фокусиран на работа со природни ресурси и посебни базни метали. ГСОЛ има одлични и докажани резултати на глобално ниво, при обликување и работа со фероникел. Во август 2015 година, ГСОЛ презеде целосно интегрирана компанија, од Glencore Falconbridge Доминикана, која работи со производство на фероникел во Доминиканската Република.


Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба