20 Декември, 2025
0.0616

ЕВЕ КАКО СЕ ПОДДРЖУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО: за купена Гранде Панда од Крагуевац субвенции од 5.000 евра

Објавено во: Балкан 22 Јули, 2024 13:18

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Србија кои ќе купат електричен автомобил што ќе се произведе во Крагуевац ќе можат да сметаат на 5.000 евра државни субвенции, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

- Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, ќе имате по пет илјади евра од нас, за секој клиент - рекол Вучиќ, пренесува „Б92.рс“.

FCA Србија денеска официјално ќе го одбележи успешното воведување на нови линии за производство на електричниот модел Fiat Grande Panda во фабриката Stellantis во Крагуевац.

Fiat, инаку, ја објави цената во Италија под 25.000 евра за електричниот модел, додека хибридниот ќе биде под 19.000 евра.

По повод почетокот на производството на електричната Grande Panda во Крагуевац, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж за РТС изјави дека ова е еден од најважните датуми за српската економија.

- Она што доаѓа со електричната панда, која ќе се произведува во Србија и оттука ќе оди во целиот свет, е технологијата, знаењето, револуционерните нови случувања во електричната мобилност, како се полни батеријата, како е конструиран автомобилот. Ова се новитети кои сега се воведуваат за прв пат се појавуваат во светот - вели Чадеж.

Чадеж нагласи дека Србија сега е меѓу земјите што произведуваат електрични возила, што е голем успех. Тој потсети дека Србија веќе произведува многу компоненти за автомобилската индустрија, вклучувајќи автоделови и софтвер.

Фото: Фиат Стелантис

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација