ЕВЕ КОИ ДРЖАВИ СЕ НА УДАР НА ТЕРОРИСТИТЕ: Дали и Македонија е на листата?
Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2015 10:48
Земјите во кои престои најголема опасност од напади на туристите се Шпанија, Франција, Турција, Тунис и Египет, додека Босна и Херцеговина е означена со портокалова боја, односно спаѓа во средниот степен на ризик од напад на терористи.
Државите кои се означени со црвена боја моментално се најзагрозените места и треба да ги избегнувате ако сте одлучиле да одите таму на годишен одмор. Поради терористичките напади кои се случија во Франција минатата година, оваа земја се издигна на листата на опасни земји.
Во Тунис пред четири месеци настрадаа 37 британски туристи во терористичкиот напад на една хотелска плажа, така да и оваа дестинација не е веќе сигурна за Европските туристи.
Шпанија исто така е обележана како место со голема можност од напад на туристите односно земја во која постои голем ризик од терористички напади. Шпанија секоја година ја посетуваат околу 12 милиони Британци во потрага по сонце, но сега не се препорачува да се оди во таа земја, советува британската влада.
Зоната со среден степен на ризик од напади е означена со портокалова боја, а тука се вклучени Германија, Италија, Грција, Мароко, Шведска но и Босна и Херцеговина. Во овие земји е можен напад на терористи од Велика Британија поради конфликтите во Ирак и Сирија.
Хрватска е означена како базна закана, со жолта боја. Не е најниска но под неа има уште два степена. Португалија и Бугарија се исто така означени со „жолто“, а Хрватска и тие две земји годишно ги посетуваат околу два милиони Британци.
Ако сакате да прошетате во Европа, најсигурно би ви било да одите во Швајцарија, Словенија, Чешка и Полска. А гледајки дека ни Македонија не е на листата, секогаш можете да патувате по разни места низ земјава.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај





