Еве колку ги плаќа Кинезите ќерката на Трамп
Објавено во: Економија 22 Мај, 2017
Во две кинески фабрики се работи по 12.5 часа дневно, 6 дена во неделата, а се заработуваат по 363 долари месечно.
China Labour Watch по најновото истражување упати критики до брендот Иванка Трамп која е ќерка и советник на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Како што објави Блумберг, оние кои работат за Иванка Трамп и произведуваат облека, за еден час работа добиваат по 1,21 долари.
Но, има и работници кои работат за помалку од долар.
Тие се платени по бројот на парчиња кои ќе ги завршат, а имаат и дневна норма.
Ако во текот на работниот ден не ја постигнат нормата, остануваат и прекувремено и за тоа не се платени плус.
Во текот на сезоната работниците имаат еден до два дена слободни месечно.