22 Ноември, 2024
0.0324

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ НА ЧАС: „Срамно мал износ“

Објавено во: Финансии, Свет 25 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Според извештајот на уредувачката мрежа на Германија, повеќе од половина од вработените во Германија кои се одговорни за придонеси за социјално осигурување заработуваат помалку од 20 евра бруто на час

Околу 54 отсто од вработените во Германија заработуваат помалку од 20 евра на час, а секој трет човек дури и помалку од 16 евра.

Ова произлегува од проценката на Сојузниот завод за статистика. Левицата ја смета висината на платите „срамно ниска“.

Според извештајот на уредувачката мрежа на Германија (RND), повеќе од половина од вработените во Германија кои се обврзани за придонеси за социјално осигурување заработуваат помалку од 20 евра бруто на час. За повеќе од секој трет тоа беше дури и помалку од 16 евра, објави весникот повикувајќи се на проценка на Федералната служба за статистика нарачана од Ди Линке во Бундестагот, пишува Феникс-магазин.

Бројките се засноваат на истражувањето за приходите од октомври 2022 година и не ги земаа предвид платите на чиракот. Според тоа, 21,455 милиони од 39,779 милиони вработени земаат саатница помала од 20 евра бруто. Ова е удел од 53,9 отсто. 13,603 милиони луѓе добиле помалку од 16 евра бруто на час, што одговара на учество од 34,2 отсто. 6,631 милиони вработени (16,7 отсто) заработиле помалку од 13 евра бруто на час.

Според RND, шефот на парламентарната група Die Linke, Дитмар Барч, рече дека нивото на платите во Германија е срамно ниско.

- Ако повеќе од секој трет заработува помалку од 16 евра на час, не треба да нè чуди недостатокот на квалификувани работници и тесните фондови за социјално осигурување.Ова ниво на плати е недостојно за економски најсилната нација во Европа, изјави Дитмар Барч.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

ОБЕЗБЕДЕНИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЗЕЛЕНИ КРЕДИТИ ЗА ДОМАЌИНСТВАТА - силна поддршка од ЕБОР, ЕУ И ЈАПОНИЈА

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

РАСТ И КАЈ ДЕПОЗИТИТЕ И КАЈ КРЕДИТИТЕ - потрошувачките и станбените кредити најпримамливи, еве колку пораснале заштедите

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

СКИЈАЧИ, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ СКИЈАЊЕТО НА КОПАОНИК: „Скијалишта Србија“ ги објави деталните цени

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД, РАСТАТ И БЕРЗИТЕ - и покрај тензиите во светот, инвеститорите не запираат

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

Која е дамата што шопингот го замени со купување 100 акции во НЛБ Банка и плати 80.000 евра во еден ден?

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

КОМПАНИЈАТА ТОНЕ ВО ПРОБЛЕМИ, НО НЕ И НЕЈЗИНИОТ МЕНАЏЕР: Фолксваген не може да се пофали со бизнисот, но може со плата на еден вработен

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА ВО ФЕДЕРАЦИЈАТА БиХ: Што ќе значи тоа во пракса за работниците?