26 Април, 2024
0.0299

Eве што пишуваат светските и регионални медиуми за договорот за името

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во светските медиуми денеска се најде и веста за потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција.

Вашингтон пост, Ројтерс , Би-Би-Си  и ДПА наведуваат дека договорот има за цел да го реши деценискиот спор меѓу двете земји, но и дека  треба да биде одобрен од страна на двата парламента, а во Македонија и со референдум.

Според Франс Прес Грција и Македонија потпишаа историски прелиминарен договор за преименување на малата балканска земја во Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот меѓу двата соседи од 1991 година.  Договорот има за цел да почне да го одмотува еден од најдолгите - и дефинитивно најапсурден - дипломатски спор, кој почна пред 27 години кога Македонија прогласи независност.

Извештаите во бугарските медиуми засега се речиси без коментари, само информации дека е потпишан во грчко село на брегот на Преспанското езеро, и истакнуваат дека „историскиот договор е факт“ и потенцираат дека Ципрас од Заев доби црвена вратоврска. Бугарските медиуми исто така ја пренесуваат и пораката на Фејсбук на премиерот Бојко Борисов, кој ги поздрави премиерите на Македонија и Бугарија и напиша дека договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. 

Под наслови „За историја: потпишан договор!“, „Република Северна Македонија – историски договор меѓу Атина и Скопје“, електронските изданија на српските медкуми денеска јавуваат за пoтпишувањето на договорот. 

За албанските медиуми потпишан е  историски договор, со што е ставен  крај на долгогодишниот спор околу името, а со кој Македонија сега се вика Република Северна Македонија. 

Веста со слични наслови ја пренесуваат и хрватските медиуми. 

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица