06 Мај, 2024
0.0638

ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ПЕНЗИИТЕ - тие со картичка, ќе земат уште утре

Објавено во: Македонија 23 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Добра вест за пензионерите. Исплатата на априлските пензии почнува од утре, односно предвреме, соопшти Владата. 

„За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, дотолку повеќе што пензионерите како возрасна група се најранливи“, се вели во владиното соопштение.

Инаку, во меѓувреме, Министерството за труд и социјална политика информира дека пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. 

„И во услови на здравствено-економска криза од глобални размери,  исплатата на априлската пензија ќе почне една недела пред први мај. Над 320 илјади пензионери ќе ги имаат пензиите на своите сметки од петок, 24-ти април“, велат од Владата.

Пензионерите кои користат платежна  картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од петок, 24-ти април. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа. 

За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа: 

- за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;


- за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;


- за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и


- за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.


Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците. 

„Оние кои ќе одлучат да подигнат средства, апелираме да се придржувате до распоредот за исплати, затоа што само така покажувате одговорност кон себе и кон вашите најблиски. Етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје“, велат од ресорот за труд и социјала.

Министерството потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра.

Македонската банкарска асоцијација денеска, исто така, ја извести јавноста дека сите банки се подготвени предвремено да ја извршат исплатата на априлските пензии, согласно со добиените податоци од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, од утре, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата априлска пензија. 

Со новиот системски пристап потврден од сите банки ќе се намали физичкото присуство во филијалите и експозитурите и ќе се овозможи поголема заштита на здравјето на сите корисници на банкарски услуги, особено на повозрасните граѓани, велат од МБА.

Замолуваат клиентите да се придржуваат до дадениот распоред, со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите. 

„При посета на филијалите и експозитурите заради подигнување готовина од априлската пензија, сите банки, на своите клиенти-пензионери ќе им понудат да пополнат барање за изработка на бесплатна дебитна картичка.  Со тоа, банките ќе се обидат да придонесат веќе при исплатата на следната пензија, физичкото присуство во експозитурите и филијалите да биде уште помало, а секој пензионер да има лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време. Апелираме до сите корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на потребата од посета на филијалите и експозитурите. Воедно, апелираме до другите корисници на банкарски услуги, да покажат разбирање и  утринските часови да им ги отстапат на пензионерите. Со тоа ќе помогнат во намалување на гужвите во филијалите и експозитурите, особено во периодот од 8 до 12 часот кога е дозволено движење на лицата над 67 години“, велат од МБА.

Додаваат дека сите банки преземаат активности за при готовинската исплата на пензиите да бидат запазени сите препораки за заштита на здравјето. Корисниците на банкарски услуги се должни при посета на филијалите и експозитурите да носат лична заштитна опрема на лицето (заштита која што ги покрива пределот на носот и устата).

Банките максимално ќе се заложат за системски пристап и при следните исплати коишто опфаќаат поголем број граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува