20 Септември, 2018
0.3033
    ADIN 560    0.54%     ALK 8003.87    -0.04%     GRNT 820    -0.04%     KMB 5166.51    0.13%     MAGP 6150    0%     MERM 2000    0%     MPT 47742.7    0.77%     OHB 6548.31    -0.62%     OKTA 4257    -2.99%     PPIV 46000    -0.48%     RMDEN15 95    -1.55%     RMDEN17 96.1    0%     STB 1109    0.06%     STIL 128.49    -1.92%     TETE 2308.76    4.83%     TKVS 4996    2.98%     TNB 14000    -2.78%     TTK 1135.39    1.38%     UNI 2330.37    2.84%

ЕВРА ВО КУФЕР: На кој граничен премин влегуваат?

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2017

Износот на пренесени девизи во кеш преку граничните премини е помал за една третина во првата половина од годинава во споредба со истиот период лани. Според бројките од Царинската управа, на граничните премини во Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година вкупно се пријавени девизни средства во противредност на 3.553.392 евра, сите на влез во земјава.

Во вкупно пријавените девизи има 2.507.080 евра, 720.780 швајцарски франци, 266.000 австралиски долари, 180.000 американски долари, 33.000 британски фунти и 979.200 македонски денари.

- Во однос на царинските испостави, најмногу девизни средства се пријавени на ЦИ Аеродром Скопје (противредност на 1.608.391 евра или 45,26 отсто), ЦИ Блаце (противредност на 1.051.084 евра или 29,58 отсто) и ЦИ Богородица (противредност на 324.307 евра или 9,13 отсто)- велат во Царината.

Во истиот период во 2016 година вкупно, на влез во Македонија се пријавени девизни средства во противредност на 5,3 милиони евра, односно во првите шест месеци од 2017 година се пријавени за 32,79 отсто помалку девизи во однос на периодот јануари- јуни лани.

Без проблеми до 2.000 евра

Законот дозволува македонските жители, но и странците кои имаат регулиран престој во земјава, да можат слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Тие можат да внесат и поголема сума девизи, но при преминот на државната граница мора да го пријават износот кај надлежните царински органи.

Построги се одредбите кои се однесуваат на изнесување девизи. Резидентите можат слободно да изнесуваат странски пари и чекови во противвредност до 2.000 евра. Исто така, може да изнесат девизи во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, но парите мора да ги пријават при преминот на државната граница кај цариникот.

За тоа им треба потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи од сопствена девизна сметка. Потврдата (бордеро) важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.

За македонските граѓани е забрането да изнесуваат странски пари во кеш над 10.000 евра. Странците можат да изнесат и повеќе од 10.000 евра, но тој износ не може да биде поголем од износот што при преминот на државната граница го пријавиле кај надлежните царински органи.

Шверц со девизи

Глобите за непријавување или погрешно пријавување на пари кои патниците ги носат со себе се сериозни. Казните се движат во износ од 1.500 до 3.000 евра за физички и од 6.000 до 10.000 евра за правни лица во денарска противвредност. Предвидени се и затворски казни за случаи поврзани со перење пари и финансирање тероризам. Пропишани се и мерки за одземање на целата сума или дел од привремено задржаните пари.

Но, и ова не ги спречува шверцерите на девизи. Според податоците од Царина, во периодот јануари-јуни 2017 година спречени се 36 обиди на нелегално пренесеување девизи преку граница во вкупен износ од 390 илјади евра. Само на граничниот премин Аеродром при излез од државата откриени се и одземени 105.000 евра и 155.000 дански круни, а при влез се фатени 8.000 швајцарски франци.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА ТУРЦИЈА: Што ги чека во 2019 и 2020 година?

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА ТУРЦИЈА: Што ги чека во 2019 и 2020 година?

Се помалку сакаат да цепат трупци, се купуваат инвертер клими

Се помалку сакаат да цепат трупци, се купуваат инвертер клими

УЈП СЕ ПРЕМИСЛИ: Нема регистрација за пензионери?

УЈП СЕ ПРЕМИСЛИ: Нема регистрација за пензионери?

ВАЛУТА ГУБИТНИК: По седум недели заврши на дното

ВАЛУТА ГУБИТНИК: По седум недели заврши на дното

Текстилниот кластер се израдува на најавената мерка на Анѓушев

Текстилниот кластер се израдува на најавената мерка на Анѓушев

Интервју Мила Царовска: Ќе има повеќе пари за ранливите граѓани, ама и поголема контрола на злоупотребите

Интервју Мила Царовска: Ќе има повеќе пари за ранливите граѓани, ама и поголема контрола на злоупотребите

ТЕ-ТО: Работиме законски, доверителите не се оштетени

ТЕ-ТО: Работиме законски, доверителите не се оштетени

Неверојатно: Минчо Јорданов барал информации за фирми од Зоран „Буре весник“ Божиновски

Неверојатно: Минчо Јорданов барал информации за фирми од Зоран „Буре весник“ Божиновски

ПРЕСВРТ: Пукна љубовта со Трамп, трговската војна „го уби“ ветувањето

ПРЕСВРТ: Пукна љубовта со Трамп, трговската војна „го уби“ ветувањето