Добивај вести на Viber
Треба да се разбере дека терористичката закана ќе остане за подолго време, предупреди францускиот премиер, Мануел Валс.
Тој ова го изјави по состанокот со претседателот на Европската Унија, Жан-Клод Јункер во Брисел. Додава дека илјадници млади луѓе во Европа се повеќе се насочуваат кон радикалните идеи на екстремизмот. Според Валс борбата со тероризмот бара мобилизирање на сите сили.
„Убеден сум дека во наредните години земјите членки на ЕУ ќе треба да вложат сериозни напори за подобрување на системот за национална безбедност"- истакна Валс.
Од своја страна Јункер најави дека треба да биде формиран Сојуз за безбедност.
„Нас ни треба не само енергетска унија, монетарна унија, но и унија за безбедност"- рече тој, коментирајќи ги вчерашните напади во Брисел.
Темата на денешната средба беше терористичкиот напад во срцето на Европа.
Лани по нападите во Париз, Валс ангажираше 10 000 војници на улиците за да се задржи безбедноста на Франција.