07 Октомври, 2024
0.0331

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

Објавено во: Свет 16 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Јурај Цинтула во полиција изјавил дека планирал да го повреди премиерот Роберт Фицо, но не сакал да го убие.

Неколку дена го планирал нападот.  Тој во Хандлова вчера го застрела словачкиот премиер и тешко да го рани. Напаѓачот на премиерот Фицо е обвинет за обид за убиство од одмазда против заштитено лице. Цинтула се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.Неговиот сосед во местото Левица каде што атентаторот живеел во изминатите 40 години, вели дека последен пат го видел Цинтула во понеделникот и кај него не забележал никакви промени.

„Го познавам со децении. Ако нешто планирал, немаше никакви знаци. Но, не можам да знам што има во неговата глава“, изјави соседот за словачките медиуми.

Тој раскажа дека двајцата повремено разговарале за политика и дека Цинтула изразил гнев поради, како што сметал, зголемените напади врз слободата на говор под водство на Фицо. Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток го опиша пукањето како политички мотивиран атентат. Министерот потврди дека атентаторот дејствувал сам и дека претходно учествувал во антивладини протести. Како што пишуваат словачките медиуми, тој е основач на книжевен клуб, поранешен вработен во обезбедување, кој претходно објавил видео снимки во кои повикува да се прекине насилството, откако и самиот бил нападнат во трговскиот центар каде што работел.

Словачкиот портал Новине ја објави изјавата што Цинтула ја дал на полицијата веднаш по апсењето.

Не се согласувам со политиката на Владата. На крајот на краиштата, медиумите се ликвидирани. Зошто е нападната РТВС (Радио телевизија на Словачка), зошто е разрешен судијата Мазак?“,  рекол Цинтула.

Мазак е поранешен претседател на Судскиот совет, кој неодамна беше разрешен.

Експерти во Словачка ги критикуваа мерките преземени за заштита на премиерот на земјата Роберт Фицо по вчерашниот обид за атентат врз него, јави ДПА.

По петте испукани куршуми, од кои најмалку два завршиле во телото на Роберт Фицо, словачкиот премиер е во стабилна, но се уште сериозна состојба. 

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

ИЗРАЕЛ СЕ БРАНИ НА СЕДУМ ФРОНАТ ОД ХЕЗБОЛАХ, ХАМАС, ХУТИТЕ...Нетанјаху имеше видеообраќање

ИЗРАЕЛ СЕ БРАНИ НА СЕДУМ ФРОНАТ ОД ХЕЗБОЛАХ, ХАМАС, ХУТИТЕ...Нетанјаху имеше видеообраќање

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“