29 Април, 2024
0.0306

ЕВРОПА НИ ПРЕДВИДУВА ПОГОЛЕМ ПАД - наместо 3,9 отсто, економијата годинава ќе оди во минус од 4,9 проценти

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Наместо 3,9 отсто, македонската екпономија годинава ќе падне за 4,9 проценти.

Европската комисија ја коригираше стапката на пад на Бруто домашниот производ за земјава, па за разлика од пролетната прогноза која предвидуваше пад од 3,9 осто од БДП, сега падот на БДП за оваа година се проектира на 4,9 осто. Закрепнувањето на економијата ќе биде бавно и неизвесно. Ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг, а најпроблематичен ќе биде извозот. Според ЕК, растот на БДП за Северна Македонија во 2021 година ќе биде 3,8 отсто, а во 2022 година 3,5 отсто.

„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“, вели Фрек Јанмат, раководител на Секторот за економски прашања на ЕУ. 

И покрај преземените владини мерки, домашната потрошувачка и натаму е пригушена. Во 2020 година, тековната сметка значително ќе се влоши, но во 2021 – 2022 година оваа слика ќе се промени зашто се очекува домашната побарувачка во голема мера да го поттикне растот на увозот, се вели во извештајот на ЕК.

Постојат знаци дека закрепнува надворешната побарувачка, а растот на приватната потрошувачка и инвестициите се предвидува да се вратат во четвртиот квартал. Водено од домашната побарувачка, целосно закрепнување на нивоата пред ковид веројатно ќе траат до 2022 година. Фискалниот дефицит, значително се проширува во 2020 година, се очекува да се намали постепено во 2021 и 2022 година, констатира ЕК.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи