ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА, НАРАЧКИ ЗА ХИМРАС ДОАЃААТ ОД СЕКАДЕ: Рекордери во вооружувањето се земји од Балканот
Објавено во: Балкан 05 Август, 2024
Рускиот напад врз Украина, тензиите во Јужното Кинеско Море
и прашањето за Тајван, војната во Појасот Газа и зголемениот број воени
конфликти во Африка се силни показатели дека на релативниот мир во светот му
дојде крајот. Повеќето земји се вооружуваат брзо во последниве години, особено
оние во Европа кои не инвестирале доволно во своите армии со децении.
Хрватска, исто така, почна да го обновува својот воен арсенал. По борбените авиони „Рафал“, противвоздушниот систем „Мистрал“, хеликоптерите „Блек Хок“, противоклопните наведувани ракети „СПИК“ и борбените возила „Патрија“, во тек е набавката на артилерискиот систем ХИМАРС.
Според неофицијални информации до кои дојде „Јутарњи лист“, Хрватска веќе две години преговара со САД за купување на нов систем „ХИМАРС“, а набавката се очекува да биде завршена во рок од четири години.
Поради бранот набавки на оружје во последните години, во јавноста се создаде впечаток дека Хрватска интензивно се вооружува, но податоците покажуваат дека ова вооружување е значително помалку отколку во другите европски земји. Унгарија и Србија во последниве години многу повеќе ги зголемуваат своите воени трошоци и тие се меѓу водечките земји во Европа во овој поглед.
Што е ХИМАРС?
ХИМАРС е мобилен артилериски систем земја-земја на тркала кој се состои од камион, систем за контрола и контејнер со капацитет од шест проектили. Развиен е во втората половина на 90-тите, а производството започна во 2003 година. Производител е Lockheed Martin Missiles and Fire Control, дел од најголемата корпорација која произведува оружје во светот.
На официјалната веб-страница на Локхид Мартин се наведува дека во светот има повеќе од 600 HIMARS системи со акумулирани 2 милиони работни часови. Во Европа го имаат само Полска, Украина и Романија и тоа од неодамна. Првиот беше испорачан во Романија во 2021 година, а неодамна беше отворен центар за одржување и поправка на системот HIMARS во таа земја.
Првиот кој беше испорачан во Полска беше во средината на мај годинава. Купување на ХИМАРС планираат и Италија, Летонија и Естонија, а од земји надвор од Европа, Тајван, Австралија и Мароко. Побарувачката за HIMARS е толку голема што Lockheed Martin мораше да го прошири производствениот капацитет од 60 парчиња годишно на 96 парчиња.
фото: EPA-EFE/BO AMSTRUP DENMARK* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.