20 Декември, 2025
0.1404

Европратениците бараат поголема одговорност од Европската централна банка

Објавено во: Свет 17 Април, 2013 19:03

Добивај вести на Viber

Европската централна банка (ЕЦБ) треба да стори поголем напор за да се осигура банките кои позајмуваа евтини кредити сега стануваат дел од пазарната економија, а самата финансиска институција треба да стане потранспарентна. Ова се наведува во резолуцијата усвоена денеска од европратениците, откако вчера дискутираа за работата на ЕЦБ во присуство на претседателот на банката Марио Драги. Европскиот парламент побара и подобра одговорност на финансиска институција во согласност со нејзината зголемена улога во решавањето на кризата во еврозоната. Резолуцијата, која ја дава годишната оценка на работата на оваа финансиска институција се осврна и на монетарната политика на ЕЦБ како одговор на кризата во еврозоната. Европратениците инсистираат банката да направи повеќе за поттикнување на растот и вработувањето. Документот повикува институцијата да преземе мерки, слични на планираните од централната банка на Велика Британија, за да се осигура дека евтините кредити на ЕЦБ за европските банки се дел од реалната економија. Резолуцијата го покренува и прашањето за ограничената политичка одговорност и транспарентност на ЕЦБ. Вчера Марио Драги изјави дека ЕЦБ останува "цврсто посветена на мандатот за стабилност на цените". Тој додаде дека институцијата која ја раководи, не може сама да ја реши кризата, па земјите од ЕУ треба исто така да си ја завршат својата работа.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот