02 Мај, 2024
0.0262

Европската инвестициска банка повторно со доверба во Хојер

Објавено во: Економија 27 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Европската инвестициска банка нема да претрпе измени на раководната позиција, па така ќе биде задржан досегашниот кадар. Германецот Вернер Хојер  со големо искуство и во политиката и натаму ќе ја води Европската инвестициска банка (ЕИБ) со мандат од наредните шест години, почнувајќи од 1 јануари 2018 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Хојер беше повторно назначен од страна на Одборот на гувернери на ЕИБ, кој го сочинуваат министрите за економија и финансии на 28-те земји членки на Европската унија.

Хојер, кој го започна својот мандат како претседател на Банката на 1 јануари 2012 година, исто така е и претседател на Одборот на директори на ЕИБ. Во текот на последните пет и пол години тој ја предводеше огромната експанзија и трансформација на банката со седиште во Луксембург, при што годишното финансирање на ЕИБ се зголеми од 55 до 84 милијарди евра од 2012 година, а годишната инвестиција поддржана од ова финансирање се зголеми од 169 на 287 милијарди евра во истиот период.

Овој пораст на бизнисот делумно беше поттикнат од инвестицискиот план за Европа, т.н. „план на Јункер“, а според самото признание на Хојер, тој и Жан-Клод Јункер тесна соработувале за да го развијат овој концепт, кој даде силен придонес за растот и создавањето работни места во Европската унија од нејзиното основање.

Според планот на Јункер, ЕИБ групата одобри 44 милијарди евра за финансирање досега, со поддршка на 225 милијарди евра во инвестиции во Унијата.

- Беше привилегија да служам како претседател на Европската банка во овие предизвикувачки времиња, финансирајќи илјадници проекти кои ги подобрија животите на милиони луѓе. Ние им помогнавме на земјите од ЕУ кои најтешко беа погодени од должничката криза во Еврозоната, ги ставивме на располагање нашите финансиски мускули во напорите на ЕУ да ја стабилизира Украина и да почне решавањето основните причини за миграција во Северна Африкам порача Вернер Хојер.

Според старо-новиот директор на Европската инвестициска банка, нови предизвици веќе ја очекуваат ЕУ, посебно во справувањето со загубата на Обединетото Кралство како членка на бордот на банката на ЕУ.

Како најголем мултилатерален кредитор по обем, ЕИБ обезбедува финансии и експертиза за сигурни и одржливи инвестициски проекти кои придонесуваат за унапредување на целите на политиката на Европската унија. Повеќе од 90 проценти од активностите на ЕИБ се фокусирани на Европа, но исто така ги поддржува и надворешните и развојните политики на Унијата. 


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија