Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
Објавено во: Македонија 28 Март, 2024 13:23
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, денеска ја извести јавноста дека е пристигнатото информативно писмо од страна на Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија со конечно решение за извршување на 2,2 милиони евра.
Известување од европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ со барање за поврат на 2,2 милиони евра од националната образовна агенција, наводно злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“,пристигнало на крајот од минатата година.
- Во известувањето бевме информирани дека постојат неправилности во проектни досијеа на 22 корисници на грантови од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија. Согласно ова известување се бараат назад 2.276.212 евра кои биле доделувани како грантови од 2016 до 2018 година, рече Ѓоргиевски.
Во меѓувреме имало состаноци со релевантни институции, а прашањето било поставено и на владина седница. Управата за финансика полиција потврдила дека е пристигнат извештај од ОЛАФ и доставен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
- Во март добивме известување за конечноста на одлуката согласно извештајот. Во тек е предистражна постапка на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и ќе ве замолам за разбирање што повеќе нема да можам да споделувам детални информации,речедиректорот пред медиумите.
Ѓоргиевски додаде дека ќе се разговара со владата како во иднина повеќе да нема вакви скандали пред Европската комисија со доделувањето и прераспределбата на грантовите. Агенцијата ќе соработува со обвинителството и со финансиската полиција.
Можеби ќе ве интересира
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“




