20 Декември, 2025
0.1135

Европската комисија најави мерки против Хрватска

Објавено во: Балкан 26 Август, 2013 14:02

Добивај вести на Viber

Иако во петокот истече рокот за испраќање на одговорот до Брисел, Европската комисија нема добиено одговор од Хрватска за законот за европски налог за апсење, изјави портпаролаката на ЕК, Мина Андреева и најави дека Комисијата поради тоа ќе преземе мерки против Хрватска.

„Според моите сознанија не добивме одговор. ЕК изразува длабоко жалење поради тоа што Хрватска не одговори на ова итно барање“, истакна Андреева.

Хрватска кон крајот на јуни го донесе законот за европскиот налог за апсење, наречен „Лекс Перковиќ“, според кој тој налог не важи за злосторствата извршени пред август 2002 година.

Европската комисија потоа го утврди 23 август како рок до кој Хрватска треба да го усогласи својот закон за европскиот налог за апсење со европските прописи.

Андреева потсети дека потпретседателот на ЕК и комесарка за правда Вивија  Рединг на неколку пати јасно укажала на тоа.

„Чекорот на Хрватска значи дека неколку криминалци, осомничени за убиство на хрватски емигранти во друга европска земја за време на комунистичкиот режим, можат и натаму да се кријат зад хрватските граници“, рече таа.

Андреева додаде дека Рединг ќе ја запознае ЕК со ова прашање следната недела и ќе предложи акција во согласност со членот 39 од хрватскиот пристапен договор.

Членот 39 предвидува „соодветни мерки“, меѓу кои е и кратењето пари од фондовите на Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација