18 Мај, 2024
0.0279

ЕВРОПСКИТЕ МИГРАНТИ НАЈПОСАКУВАНИ: Гастарбајтерите ја движат економијата, олеснети квалификациите за работа

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Германија чезнее за европски мигранти: Гастербајтери кои ја движат германската економија, веќе се подготвени за олеснување за странските работници.

Економскиот просперитет на Германија се зголемил во просек од 0,2 проценти годишно во периодот од 2011 до 2016 година, со пристигнувањето на нови работници во Германија од другите земји-членки на ЕУ кои најмногу придонеле за овој развој, пишува Deutsche Welle. Германските експерти препорачуваат олеснување на германските административни процедури за признавање на квалификациите на работниците кои доаѓаат во Германија.

Германскиот Институт за економски истражувања (DIW) во својата неодамнешна студија проценува дека најголемиoт економски раст е забележан во 2015 година, кога голем дел работници од другите земји на ЕУ дојдоа во Германија. Во 2011 година, бројот на работници од другите 28-земји членки на ЕУ кои се преселиле во Германија достигна просек од 720.000 годишно или вкупно над 5,1 милиони луѓе.

Од 2011 година граѓаните на ЕУ имаат можност да изберат каде ќе живеат и работат во Унијата. Граѓаните на новопримените земји-членки на ЕУ, како Бугарија, Романија и Хрватска ја добија оваа можност за своите граѓани малку подоцна, односно во 2014 и 2015 година. Главната причина за ваквите миграциони движења е лошата економска состојба во земјите од кои доаѓаат работниците. Главната цел на луѓето кои доаѓаат во Германија од другите земји на ЕУ е да најдат работа, велат истражувањата на DIW.

,,Најголемиот дел од овие ,,европски мигранти"се млади и добро квалификувани луѓе. Имајќи го предвид фактот дека германското општество старее и дека на германскиот пазар има растечка потреба за квалификувана работна сила, Германија треба да биде повеќе заинтересирана за ,,увоз"на нова работна сила", открива студијата.

Авторот на студијата, Мариус Клеменс, вели дека Германија треба да вложи поголеми напори за да станепоатрактивна за работниците од другите европски земји, бидејќи во меѓувреме другите земји од еврозоната забележаа подобри економски показатели.

Важно за работниците е да добијат повеќе можности за работа што одговара на нивните квалификации. „За таа цел се потребни прагматични чекори за да се олесни препознавањето на нивните квалификаци“, изјавил Клеменс, пренесе српски курир.

Kurir.rs/Tanjug-

Foto: Shutter

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра