14 Декември, 2025
0.0481

Евростат: Невработеноста во еврозоната повторно рекордна!

Објавено во: Свет 30 Ноември, 2012 12:36

Добивај вести на Viber

Невработеноста во еврозоната достигна ново рекордно ниво од 11,7% во октомври 2012 година, што е пораст за 0,1 процентни поени, во споредба со претходниот месец, покажаа податоците на Евростат. Невработеноста во 27-те земји на ЕУ е 10.7% во октомври, споредено со 10.6% во септември. Како во еврозоната така и во ЕУ, бројот на невработени се зголемува значително, во споредба со октомври 2011 година, кога била 10.4% во еврозоната  и 9.9% во ЕУ. Вкупно 25.913 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 18.703 милиони во еврозоната, биле невработени во октомври 2012 година Во споредба со септември 2012 година, бројот на невработените се зголеми за 204 илјади во ЕУ или 173 илјади во еврозоната. Меѓу земјите-членки на ЕУ најниска невработеност во октомври е забележан во Австрија (4,3%), Луксембург (5.1%), Германија (5,4%) и Холандија (5.5%), додека со највисока стапка на невработеност се Шпанија (26.2%) и Грција (25.4% во август 2012 ). Во споредба со претходната година, невработеноста расте во 16 земји на ЕУ, се намалува во девет и останува без промена во Австрија и Словенија. Најголем пад на невработеноста на годишно ниво е забележан во Естонија (од 11,5% до 9.6% помеѓу септември 2011 и септември 2012 година), Литванија (од 14,2% на 12.4%) и Латвија (од 15.7% на 14.2% меѓу третиот квартал на 2011 и 2012 година). Невработеноста се зголемила најмногу во Грција (од 18.4% на 25.4% во август 2011 и август 2012 г), Кипар (од 9,2% на 12.9%), Шпанија (од 22,7% на 26.2%) и Португалија (од 13.7 % на 16.3%). Во октомври 2012 година, вкупно 5.678 милиони лица под 25-годишна возраст биле невработени во ЕУ, од кои 3.609 милиони во еврозоната. Во споредба со октомври 2011 година, младинската невработеност се зголемува за 279 000 во ЕУ и со 350 000 во еврозоната. Во октомври 2011 година, најниски нивоа на младинска невработеност во октомври се забележува во Германија (8.1%), Австрија (8,5%) и Холандија (9.8%), а највисоки во Грција (57.0% во август 2012 година) и Шпанија (55.9%).

Можеби ќе ве интересира

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност