26 Април, 2024
0.0293

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнаa калкулации за пописот, Заев вели тој нема да влијае на стекнатите права

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ПОПИС СЕ СПОМЕНУВААТ ПРОЦЕНТИ

Додека во Собранието е блокирано носењето на Законот за попис во јавнста нараснуваат дебатите за тоа какви резултати се очекуваат. Поранешниот министер за образование и актуелен пратеник на ДУИ Арбр Адеми вчера во емисија на ТВ 21 рече дека доколку Албанците се помалку од 20 проценти по спроведениот попис тогаш тој нема да ги признае резултатите. 

Би прифатиле ли ако Албанците излезат 19 проценти, дали ќе ги прифатите резултатите од пописот - било прашањето

На ова Адеми одговорил:

19?! Никогаш, никогаш!

Адеми рече дека знае податоци оти бил министер за образование па изјави дека бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22 проценти, а 60.709 Албанци, односно 32.15 проценти. 

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ПОПИСОТ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА СТЕКНАТИ ПРАВА

Премиерот Зоран Заев вели дека резултатите од пописот нема да влијаат врз стекнатите права. 

Вели дека е срамота 19 години во земјава да нема попис. Тој кажа дека бројките може да се релативни како резултат на слободното движење на луѓето.

„Нема да има никаква рефлексија во делот на стекнати права. Тоа се стекнати права и можни се варијабли, на заминување и враќање на граѓаните, во државата, професионални ангажмани, дефинитивно не треба и нема да влијаат на ниту едно од веќе воспоставените законски решенија“, рече Заев.

Граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани ќе бидат казнети. 

МАКЕДОНИЈА НЕ ПОБАРАЛА РУСКИ ВАКЦИНИ

Руската амбасада во Скопје известува дека во неколку наврати ја информирала македонската влада за можностите за испорaка на руската вакцина, но македонска страна не покажала интерес за Спутник V.

- Амбасадата на Руската Федерација во повеќе наврати ја известуваше Владата на Република Северна Македонија за можности за соработка во испорака на руската вакцина. На 18 август, пред пет месеци, го информиравме министерот за здравство Венко Филипче, дека доколку е заинтересирана Владата на Северна Македонија, Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ги има ексклузивните права за производство и продажба на «Спутник V» во странски земји, може да започне разговори за сите прашања од интерес во однос на вакцината и нејзината набавка, велат од таму за Канал 77.

Исто така и на 25 септември било испратено писмо и до шефот на Националниот комитет за имунизација, професор Александра Грозданова, за подготвеност да се одржи состанок во формат на видео конференција за да се разгледат сите прашања околу вакцината, но Руската амбасада. информира дека до сега немаат добиено одговор на овој предлог.

НОВИ 72 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4,  Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1023 оздравени пациенти од: Скопје-511, Куманово-51, Тетово-32, Прилеп-46, Гостивар-29, Штип-17, Битола-34, Велес-38, Струмица-26, Кавадарци-50, Кочани-22, Кичево-11, Свети Николе-5, Гевгелија-15, Неготино-21, Дебар-22, Ресен-3, Крива Паланка-20, Радовиш-23, Берово-9, Делчево-1, Пробиштип-3, Виница-4, Валандово-5, Македонски Брод-2, Богданци-6, Крушево-3, Демир Капија-2, Пехчево-11, Дојран-1.

Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87г), три од Прилеп (69, 76 и 57г), еден пациент од Велес (51г), еден од Неготино (80г), еден од Дебар (71г), еден од Радовиш (66г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Кратово (76г).Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

КАЗНИ ЗА СЛАВЕЊЕТО НА ВОДИЦИ

И Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска реагираше за големото полициското присуство на вчерашното празнување на Богојавление на охридското крајбрежје и, како што вели тој, за пишувањето на казните.

„Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците“, пишува претседателот на најголемата опозициска партија во дел од неговиот последен статус на Фејсбук.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Туризмот во земјава ќе биде во колапс до април, а потоа се очекува да почнат да доаѓаат странски гости, и тоа најмногу од соседството и од Турција.

Во 2020 државата дала шест милиони евра субвенции за да функционира железничкиот транспорт. Тоа се пари дадени од буџетот преку Министерството за транспорт и врски за ЖРСМ Транспорт за да може да функционира превозот на патници и стоки.

По завршувањето на мандатот на еден американски претседател се говори за неговото наследство, односно по што ќе го памети нацијата, но и воопшто во поширока смисла и светот.

Дали поранешниот шеф на државава и екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно ќе се активира во политиката? Ова прашање станува деновиве повторно актуелно, откако влеговме во годината кога ќе се одржат локалните избори. Да, тврдат за Фактор неколку различни извори, кои се добро упатени во случувањата на политичката сцена во земјава.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите