14 Декември, 2025
0.5855

ФАКТОР АНАЛИЗА 2020-2023 година: Колку пари вртат и колку заработуваат најголемите синџири супермаркети?

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2024 07:56

Добивај вести на Viber

Официјалните податоци покажуваат дека големите синџири супермаркети се најважниот канал на продажба за стоки за широка потрошувачка. Затоа што токму тие осум компании канализираат во просек над 800 милиони евра приходи на годишно ниво. И токму затоа секој што произведува или дистрибуира стоки за широка потрошувачка не може да си дозволи неков продукт да не е на рафтовите или на витрините на македонските малопродажни гиганти. А какви се нивните заработки? Па во принцип, од аспект на обемот на трговија, популарно речено описот би бил „Служимо народу“.

Македонските граѓани просечно годишно трошеле по 813 милиони евра во големите синџири супермаркети во периодот од 2020 до 2023 година, покажуваат официјалните податоци кои ги анализираше „Фактор“. Македонија има 8 национални синџири супермаркети (кои имаат барем 12 големи продавници во најмалку 5 градови ширум земјава). Меѓу нив пет се домашно поседувани компании, а три друштва се странски компании. Пред две години ја имавме и првата и досега единствена аквизиција на домашен синџир супермаркети кога штипски „Кит Го“ беше превземен од косовската групација „Вива“.

Иако нема официјална статистика, аналитичарите на економските текови се согласуваат дека големата осумка македонски синџири супермаркети учествуваат најмалку со 70 отсто во вкупната трговија на мало со храна и стоки за широка потрошувачка кои се продаваат во продавници за неспецијализирана трговија на мало.

Достапните официјални податоци докажуваат дека нивното учество во трговијата на мало е големо, односно просечно годишно од 2020 година до лани тоа надминува 800 милиони евра на годишно ниво.

Воедно бројките кај сите ланци маркети покажуваат дека генерално кај сите има тренд на раст на приходите од продажба. Но при тоа, само во ковид периодот дел од маркетите имаа стагнација или благи падови на приходите што и е логичен исход на бројните физички рестрикции кои тогаш беа на сила.

Анализата на податоците води на заклучок дека има место под сонцето за секој од големите малопродажни ланци на македонскиот пазар.

Профит по години

Според нивото на приходи низ годините како најголем ланец на маркети од својата конкуренција се издвојува „КАМ“. Исто како што според профитот и стапката на профитабилност од друга страна се издвојува „Веро“. И резултатите што ги имаат ланците се производ на нивните концепти на продажба и спецификите кои ги негуваат и по кои се препознатливи на бројните купувачи.

Приход по години

Стапка на профитабилност

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји