30 Април, 2024
0.0288

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Голем пожар во Скопје, опозицијата го крена гласот против поскапувањето на струјата

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ПОЖАР ВО СКОПЈЕ

Изгаснат е пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка, во која сега се наоѓаат Секретаријатот за европски прашања, Инспекторатот за животна средина и Македонската информативна агенција (МИА).

Според информациите од Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот избувнал во просториите на Инспекторатот, а како што изјави командантот Владимир Симоновски, нема повредени, освен еден пожарникар кој се пожалил дека вдишал чад заради што интервенирала екипа на Итната медицинска помош. Пожарникарот е во стабилна состојба. 

Симоновски вели дека најверојатно причината за пожарот е електричната инсталација, а избувнал во канцелариите на Инспекторатот, немало луѓе, бидејќи работното време почнува во 8.30 часот.

ВМРО-ДПМНЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ПОРАДИ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА

Maфијо разгледај го ова наше барање, повика од протестот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Бара да се врати старата цена на струја. 

„Ова ќе биде еден од серијата протести против мафијата на Илинденска 2. За нив се има цена. За нас честа моралот и достоинството се најважни. Кога неправдата станува закон отпорот и протестите ќе продолжат и понатаму“, изјави Мицкоски пред Регулаторната комисија за енергетика. 

Тој извади и слика од претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, притоа велејќи дека кога зборува тој човек, зборува премиерот Зоран Заев.

Граѓаните извикуваа „Мафија“ и „Оставка“,  на протестот беше истакнат транспарент на кој пишува „Скапа струја, сиромашен народ“. 

ЗА 24 ЧАСА 77 ПОЗИТИВНИ И ТРИ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2. 

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г). Сите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

ОД 15 МЕСЕЦОВ ЛУЃЕТО КОИ ИМАА ДЕПОЗИТИ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ЌЕ БИДАТ ОБЕШТЕТЕНИ

Фонд за осигурување на депозити ги информира депонентите на “Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување и јавноста дека на ден 15.09.2020 година, вторник, ќе започне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.

Исплатата ќе се извршува преку четири деловни банки. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Собирачите и откупувачите на печурки, велат дека 2020 е најдобра година во последните 4 децении.

За дури 25 проценти месечно паднале приходите во буџетот од акцизи во август годинава. Податокот го објави Министерството за финансии кога ги соопшти финалните бројки за реализацијата на буџетот заклучно со август годинава.

Во понеделникот заврши рокот до кој сите доверители на Еуростандард банка требаше да ги пријват своите побарувања до стечајниот управник Душко Тодевски, а за кои потоа ќе очекуваат дека треба да бидат подмирени од сречајната маса.

Најбрзо растечка месна преработувачка компанија е Тиамо. Од најголемите раст на профитите имаат: Римес, Екстра Меин, МИП Марфил и Екстра Меин. Најголеми на нашиот пазар и лани се: Пекабеско, МИК Свети Николе и кумановски Екстра Меин

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од утринава е во добра здравствена состојба по оперативниот зафат кој му беше изврешен синоќа во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје (стара Градска болница).

Можеби ќе ве интересира

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ДЕВОЈКА ОД КАВАДАРЦИ ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ШТИП - причините за смртта допрва ќе се испитуваат

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али