ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koалицијата размрдана, дел од политичарите дадоа поддршка на Заев

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2020
ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ ГО ПОДДРЖАА ЗАЕВ
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан за изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарскиот БГНЕС рече дека неговото Куманово го ослободиле македонските партизани
- И моето Куманово е ослободено од македонските партизани на 11 ноември од борците против фашизмот и Македонија е ослободена од борците на Народно-ослободителната борба против фашизмот. Куманово многу години негува идеологија која значи борба за развој, демократија и посветла иднина, рече Спасовски.
Министерот ова го одговори запрашан за коментарот на Заев за изјавата во интервјуто дека „Имало некогаш некоја администрација, во тој момент, на почетокот, а потоа Бугарија се дига заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и апсолутно е дал од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваат територии – Крива Паланка, Куманово, Скопје и во целиот овој дел“.Според првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, со интервјуто за БГНЕС премиерот Зоран Заев дава лична жртва.
Тој денеска даде свое видување за интервјуто кое многумина го критикуваа.
„Верувам дека ова е ризик и лична жртва на Заев, кој ја ризикува својата политичка кариера да ги каже работите така директно, со најдобра намера за земјата, државата и нашите граѓани“, рече Ахмети.Функционерите од владејачката СДСМ, кои држат и водечки државни позиции, застанаа во одбрана на нивниот лидер Зоран Заев, откако вчера попранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски, побара од нив да се оградат, од, како што ги нарече, скандалозните ставови на Заев во врска со отворените прашања со Бугарија, а дотогаш тој ќе го замрзне своето членство во партијата.
РАЗМРДАНА КОАЛИЦИЈАТА
Има ли притисок во владината коалиција по блокадата од Бугарија во евроинтеграциите и по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС? Либерлано димекратската партија бара по Извршниот одбор на партијата вчера како заклучко изглааса барање за средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС.
И ДЕНЕС НАД 1.000 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-431, Куманово-57, Дебар-14, Штип-41, Прилеп-60, Тетово-41, Струга-29, Велес-55, Битола-37, Охрид-37, Кавадарци-44, Гостивар-94, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-11, Крушево-8, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод -2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-20, Кичево-15, Ресен-10, Неготино-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од: Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6, Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2, Неготино-13.
Починати се 28 лица, девет пациенти од Скопје (54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62г), четири од Куманово (76, 78, 69 и 85г), еден пациент од Дебар (82г), еден од Штип (61г), пет пациенти од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64г), еден од Струга (57г), еден од Велес (70г), еден од Охрид (39г), двајца од Гостивар (69 и 53г),еден д Струмица (55г), еден од Кратово (74г) и еден пациент од Ресен (69г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.ЗАЕВ ПОСОЧИ КОЈ Е ОРГАНИЗАТОР НА „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“
Миле Јанaкиески, Спиро Ристовски Трајко Вељановски и другите кои се тука се изманипулирани од главниот организатор за настаните од 27 април, рече денеска во Кривичниот суд премиерот Зоран Заев. Тој беше повикан како сведок на рочиштето и ги сподели неговите сознанија за настаните во Собранието тој ден. Заев вели дека е жртва во тој настан.
„Не мислам дека се осмислувачи и организатори на тој настан. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело, рече Заев.
Тој претходно рече дека тоа што било поинакво тој ден, било давањето збор на пратеници на крајот од говорница или нивно неспречување надвор од Деловникот на неколку минути пред крајот на седницата.ФИЛИПЧЕ ВЕЛИ ПИКОТ ПОМИНА
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги презентираше најновите податоци за состојбата со коронавирусот и посочи дека евидентиран е порастот на смртни случаи предизвикани од коронавирус, како на глобално ниво, така и во Македонија.
-Глобално, расте бројот на смртни случаи, односно тој број изнесува 60.000 починати на неделно ниво. Сите земји во светот се соочуваат со истиот предизвик, пред сè со менаџирањето на болничките капацитети и недостаток на медицински персонал. Во регионот состојбата е слична, односно во Србија се бележат рекордни бројки, по 50 смртни дневно, а иста е ситуацијата и во Хрватска каде има 50 смртни случаи, во Словенија која е земја слична по број на население како Македонија има 1.767 нови случаи секој ден, а смртни случаи бележат по 46 дневно. И бугарскиот здравствен систем е совладан од наглиот пораст на пациенти.
За жал евидентиран е порастот на смртни случаи и кај нас по, а по недели, од почетокот на ноемврви регистрираме 111, 149, 182 и 206, истакна министерот за здравство на денешната прес-конференција.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија
