18 Мај, 2024
0.0310

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски нема да оди во Благоевград, а ВМРО-ДПМНЕ објави имиња на четири функционери кои не поднеле анкетни листови

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

КОВАЧЕВСКИ НЕМА ДА ОДИ ВО БЛАГОЕВГРАД

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска изјави дека во недела, за кога е најавено отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград во Бугарија, ќе биде во Скопје. Повика  сите кои имаат можност да присуствуваат на отворањето, но вели дека при вакви активности треба да се внимава за чувствата на граѓаните.

Вели дека отворањето вакви клубови да биде во насока на зближување, а не на раздор.

ВМРО-ДПМНЕ ОБЈАВИ ИМИЊА НА ФУНКЦИОНЕРИ КОИ НЕ ПОДНЕЛЕ АНКЕТНИ ЛИСТОВИ

ВМРО-ДПМНЕ во аферата Тајни имоти ги обвини аналитичарот Алберт Муслиу, адвокатот Ивица Јефтиќ, директорот на македонски шуми Валентин Груевски и членот на управниот одбор во здравствениот дом во Берово Новица Печински дека не поднеле анкетни листови што според партијата е индиција дека се кријат имоти. 

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа антикорупциска да почне соодветна постапка.

ЕУ ЌЕ ПОМОГНЕ ЗА ОБНОВА НА УКРАИНА

Според него, сообраќајната инфраструктура како и транспортниот сектор мора да се обнови за да се овозможи непречено поврзување со инфраструктурата на ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во понеделникот дека обновата на Украина ќе биде поврзана и прилагодена на идниот влез на земјата во Европската унија.

– Кога ќе ја обновиме Украина, тоа ќе биде спроведено во согласност со целта за влез на Украина во Европската унија – изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на отворањето на германско-украинскиот економски форум во Берлин.

Според него, транспортната инфраструктура како и транспортниот сектор мора да се обнови за да се овозможи непречено поврзување со инфраструктурата на ЕУ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во време кога сме сведоци дека во полициските билтени често има пријави за злоупотреби на лични податоци, важно е граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат истите.

Европа заштедила речиси 100 милијарди од обновливи енергенси, но колку ќе го плати горењето на јагленот, лигнитот и останатите фосилни горива, особено што пресметките за потрошени енергенси не ги вклучуваат трошоците за здравјето на луѓето?

Економската криза можеби ги извади дел од денарите од банките кога почна, но затоа сега денарите дефинитивно се враќаат во банките.

Цементарница „Усје“ продолжува да работи успешно, но со изразено зголемување на оперативните трошоци што пред се е резултат на поскапените енергенси и инфлацијата. Трошоците за суровини, во кои значаен е струјата, на овој гигант надминаа 40 милиони евра за девет месеци што е за17,6 милиони евра односно 78 отсто повеќе од истиот период лани

Хидроцентралата Чебрен е проект за којшто се зборува и се најавува во изминатите 20 години од секоја власт. Повеќе модели беа предложени, но ниту еден не беше успешен за конечно да се реализира проектот Чебрен.

Косовската компанија Вива Фреш е на една недела до десет дена до финиширање на договорот за купување на ланецот маркети Кит-Го, откако речиси по една година Комисијата за заштита на конкуренција даде дозвола да се овозможи превземањето.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“