18 Мај, 2024
0.3381

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковид сертификатите остануваат, договор за покачување на минималната плата нема

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ И НАТАМУ ЌЕ СЕ УПОТРЕБУВААТ ЗА ВЛЕЗ ВО ОБЈЕКТИ

Ковид сертификатите и понатаму остануваат како една од антиковид мерките, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали, особено поради тоа што опфатот на вакцинација против корона вирусот во Македонија се уште е недоволен.

-Според епидемиолошката состојба во државата, многу мал број на вакцинирани, сѐ уште го тераме пикот, благо е покачувањето, но сѐ уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивни мерки, изјави министерот Сали.

НЕМА ДОГОВОР ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИНАЛНАТА ПЛАТА

Дарко Димовски, претседателот на СОјузот на синдикати на Македонија, по денешната средба во Владата изјави пред медиумите дека не е постигнат договор за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Било поставено барање и за изплата на К-15 за сите вработени во јавниот сектор, но ниту на тоа не добил одговор.

- Како синдикат не сме задоволни од денешната средба во Владата за нашето барање за минималната плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите плати во државата, како и барањето за регрес за сите работници во јавниот сектор. Единствена светла точка од денешните разговори беше закажувањето на економско-социјален совет во среда на кој ќе се разговара на трипартидно ниво, рече Димовски.

Тој најави дефинитивен штрајк, доколку ниту во среда не биде постигнат договор.

ИМА НАД 700 СЛУЧАИ НА КОВИД ЗА 24 ЧАСА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 505, Кавадарци – 30, Струмица – 26, Куманово – 25, Охрид – 21, Битола и Штип – по 17, Прилеп – 12, Струга и Гевгелија – по 9, Тетово – 7, Велес – 5, Гостивар, Неготино и Богданци – по 4, Делчево – 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.

МИЦКОСКИ ДОБИ НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ

ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека првиот е Тимчо Муцунски, кој е  градоначалник на Општина Аеродром кој издвојуваше убедлива победа уште во првиот круг. 

Нов потпретседател е и Гордана Димитриевска Кочовска која е магистер по економски науки на УКИМ. 

Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Јавното претпријатие „Државни патишта“ во 2022 влегува со програмиран буџет од половина милијарда евра, според планираните приходи и приливи од странски кредити што ги објави во годишната програма.

Рускиот гас покрива околу 46 отсто од потребите на ЕУ за него нема алтернатива и по тоа прашање има консензус. Недостигот од гас е пострашен од војната меѓу Русија и Украина. Експерти се согласни дека ако „се спука“ меѓу двете земји ова ќе биде најстудената и најскапа зима затоа што ќе запре рускиот гас за Европа. 

Огромен број граѓани со симптоми на корона вирусот или воопшто не се тестираат или пак со тест за домашна употреба купен од аптеките самите си потврдуваат дека се заразени со ковид-19.

Владата буџетираше рекордни над 600 милиони евра наменети за капитални расходи за цела 2022 година. Сумата делува амбициозно со предвидени планови за инфраструктурна офанзива, но искусвото од минатите години покажа дека реализацијата на проектираните средства ретко достигнува 80%.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза