ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонското знаме подигнато во Брисел, стигнаа првите честитки
Објавено во: Македонија 30 Март, 2020
МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Е ПОДИГНАТО ПРЕД СЕДИШТЕТО НА НАТО ВО БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека и посакуваат добредојде на Македонија со подигнување на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел.
Рече дека приклучувањето во НАТО е добро за регионалниот мир и стабилност.
Вели дека Македонија напорно работела, а со Договорот од Преспа се обезбедува иднина и подобри односи со соседите.
„Ние сме сите побезбедни и сигурни заедно“, рече тој.Патот беше долг, но наградата што стигна денес беше заслужена, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски по кревањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел.
Вели дека по осамостојувањето земјата тргна во оваа насока, но последните години се направени клучни, историски одлуки.
„Со големите одлуки станавме подобра држава, подобро општество“, рече премиерпт.
Вели дека Македонија ќе остане добар сосед во регионот и ќе ги зајакне сите капацитети.Хулуси Акар, министер за одбрана на Турција, го честиташе полноправното членство на Македонија во НАТО со телеграма упатена до вицепремиерката Радмила Пекеринска.
„Турција ве поддржуваше уште од почетокот на овој процес и е подготвена да го сподели своето искуство доколку има потреба“, се вели во дел од честитката што ја упати поранешниот турски генерал.Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, објави дека денеска е посебно горд на подигнувањето на знамето на Македонија пред седиштето на НАТО во Брисел како 30-та земја-членка на Алијансата.
„Денес кога и официјално стануваме 30та земја членка на НАТО, би сакал да им честитам на сите македонски граѓани за овој историски момент.
Копнежот за членство во најмоќната воена алијанса уште од самата независност на нашата земја беше идеја која недвосмислмено беше потврдена од речиси сите политичари во изминатите години.
Оттогаш до денес десетина министри за надворешни работи и одбрана како и останатите членови на сите македонски влади се вградија во мозаикот наречен членство на Македонија во НАТО.НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА
Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека од Клиниката за инфективни болести се испишани девет пациенти, еден од Скопје, а другите се од Дебар.
Но, има уште еден смртен случај од коронавирусот, а тоа е постар човек од Дебар.
Потврдени се нови 26 случаи од повеќе градови.
Тројца пациенти се на механичка вентилација, соопшти министерот.Штипјанец заболен од корона вуросот се шетал низ градот по враќањето од Англија и не ги почитувал мерките за самоизолација, објави 24 Вести.
Епидемиолозите не го нашле дома, случајот го пријавиле во полиција, а откако го затекнале го тестирале по што се покажал како позитивен на тестот.
МВР соопшти дека ќе биде изработен казнен налогПолската болница за заболените од корона-вирусот се мести во Скопје во близина на Клиниката за инфектологија.
„Меѓуинституционалната соработка вроди со плод. На крај сме со поставувањето на полската болница во кругот на Клинички центар. За неполни 7 дена !!! Град Скопје, Министерство за здравство, Министерство за одбрана, институции со светски стандарди на исполнителност !!! Благодарност до вработените“, објави градоначаникот Петре Шилегов.
Повеќе институции учествуваа во подигнување на мобилната болница која ќе има капацитет до 130 кревети.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Комерцијална банка ќе им исплати на акционерите дивиденда за минатата година. Во соопштение кое банката гоиспрати до Македонска берза од банката со која директорува Хари Костов ги известуваат акцинерите дека одлуката да делат дивиденда си останува и дека не сметаат дека треба да ја менуваат.
Граве осигурување и официјално стана мнозиснки сопственик на Еуролинк осигурување. На берзата помина блок транскација во која австриската компанија купи 3.200 акции од осигурителната компанија на Трифун Костовски за 336.109,38 денари по акција или за вкупно17, 5 милиони евра.
Агенцијата за супервизија на осигурување му даде на почетокот на овој месец на Граве Осигурување да го купи Еуролинк осигурување.