КЛАСНАТА И ДИРЕКТОРКАТА БАРААТ „СРЕДЕНА“ ФРИЗУРА, КОМИСИЈАТА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ГИ ПРЕДУПРЕДИ - ученик бил принуден сам да си го среди опавчето на косата
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2025
Опавчето во косата на ученик не им се допаднало на класната и на директорката на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во гевгелиското село Миравци, па тој требало сам да си ја скрати косата. Комисијата за заштита од дискриминација, по пријавата од мајката на ученикот, оценила дека детето било дискриминирано.
На 1 септември ученикот отишол со опавче на училиште, а истиот ден директорката усно наредила на класната да го отстрани опавчето на детето и следниот ден детото да дојде со „средена“ фризура, пренесува СДК.мк. Мајката на момчето за случајот ја известила Комисијата на почетокот на септември. Таа рекла дека претходно од училиштето добила порака дека нејзиниот син требало да дојде „среден“ во косата и навела дека тој немал долга коса. Детето не кажувајќи дома, а по разговор со мајката и со класната, плачејќи земало ножички и само си ја скротило косата над очите. Следниот ден ученикот заминал да ја поправи косата на фризер. Мајката вознемирана побарала разговор со директорката, која ја информирала дека училиштето имало кодекс на облекување. Мајката била предупредена и од педагогот дека ако не ја средело фризурата, нејзино дете ќе добие укор што е мерка пред бркање од училиште, по што случајот го пријавила и пред Народниот правобранител.
Комисијата му препорачува на училиштето да ги ревидира своите политики и да се воздржи од примена на родови стереотипи, како и да ги ревидира интерните акти за да промовира родова еднаквост, наместо да се заснова на предрасуди и стереотипи.