19 Декември, 2025
0.1625

ЕКС ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ СЕ ВРАТИ ВО „СТАРОТО ЈАТО“ - рамо до рамо со видни вмровски функционери на пуштањето во употреба на новиот пат

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2025 16:51

Добивај вести на Viber

Дека ВМРО-ДПМНЕ ги обединува своите некогашни членови, доказ е и денешното појавување на свечениот чин на пуштањето во употреба на патот Страцин - Крива Паланка, на еден порано истакнат член на партијата, но сега малку заборавен од поновите генерации. 

Станува збор за поранешниот вицепремиер за економски прашања и некогашен истакнат член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски. 

За кого јавноста не може да ја заборави квалификацијата која за него ја изрече Никола Груевски, а која се слушна во една од бомбите, имено дека е тој „дил ориентед“.

На фотографиите објавени од пуштањето во употреба на патот, може да се забележи и присуството на Пешевски, и тоа некаде во првиот ред од видните гости и познати државни функционери, кои дојдоа да присуствуваат на пуштањето во употреба на овој пат. 

Како што е познато за Пешевски, во март 2023 година, по измените на Кривичниот закон, кои ги изгласа Собранието, и за кои се крена голема „бура“ во јавноста, од кривична постапка беа спасени неколку лица, меѓу кои и Владимир Пешевски.

Со таа одлука запре кривичната постпака за случајот „Траекторија, а како што посочија тогаш од Основниот Кривичен суд Скопје, тоа е резултат на предлогот на Јавното обвинителство и измените на Кривичниот законик.

„Имајќи го предвид предлогот на ЈО и измените на КЗ, Судот донесе решение, се запира кривичната постапка против обвинетите Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и обвинителниот предлог против Никола Груевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, рече тогаш претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков.

Случајот се однесуваше за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид познатата како „Траекторија“. Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во 2020 година, пак, внимание предизвика тоа што поранешниот вицепремиер исто за економски прашања, Фатмир Битиќи, го ангажираше Пешевски како негов консултант, како дел од поширок тим го требаше да го советува како да се постигне побрз напредок на земјата. 

Потоа екс премиерот Зоран Заев рече дека Пешевски, како и поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, се повлекле како консултанти на заменик-претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, под притисок на јавноста.

„Вицепремиерот почна постапка на разговори со консултанти, не со советници, не платени нови советници или функционери, туку со консултации со огромна група граѓани, чиј број може да достигне преку 20, 50, па и стотина, се со конечна цел, да се соберат информации од сите страни за да се создаде национална економска стратегија“, рече тогаш Заев.

Медиумите објавија дека Пешевски и Миновски присуствувале на првата средба во рамките на проектот „За татковината со љубов“ на Битиќи, кој потоа го објави списокот со консултанти. Миновски кратко изјави дека не бил дел од консултантите, додека Пешевски се уште е недостапен за јавноста.

Во февруари 2019 година сме објавиле дека одбраната на поранешниот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски, во случајот Траекторија, тврдела дека „разменетите СМС-пораки, кои служат како докази во случајот на СЈО под името „Траекторија“, се модификувани. Според нив предложените докази од СЈО не се релевантен доказ и истите судот треба да ги отфрли.

Во ноември 2018 година објавивме дека група граѓани се собраа пред домот на поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски, како реакција на неговото отворено писмо, во кое повика на помирување и поддршка за уставните измени.

Во декември 2017 година, Владимир Пешевски, поранешниот вицепремиер во отворено писмо му се обрати на идниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ без оглед кој ќе биде избран, препорачувајќи пред се партијата да преземе одговорност, да прерасне во конструктивна опозиција, да ги почитува законските процеси и правните институции и во редовна постапка да докаже дека сегашните заложби за правда се реални, а не под политички притисок.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот