14 Декември, 2025
0.0392

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Марта Кос ги повика Бугарија и Македонија да разговараат интензивно и да најдат решение

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2025 22:41

Добивај вести на Viber

МАРТА КОС ГИ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ИНТЕНЗИВНО ДА РАЗГОВАРААТ

Скопје и Софија да разговараат и да најдат решение за проблемот. Еврокоооесарката за проширување, Марта Кос им порача на Македонија и Бугарија да го надминат билатералниот спор кој се испречи пред земјава на патот кон ЕУ.

Пред со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката се понуди да посредува меѓу двете страни со цел побрзо решавање на билатералното прашање. 

МИЦКОСКИ СЕ ПОФАЛИ СО РАСТОТ НА БДП

Премиерот Христијан Мицкоски се пофали со растот на БДП. 

„Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа Влада, трет квартал е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2 отсто, тоа е бројката што ја објавува Еуростат“, изјави Мицкоски.

Вели дека според Евростат, Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.

УАПСЕН Е КОМАНДАНТ „БРЕЗА“ ПО ДОЛГИ ГОДИНИ БЕГСТВО

Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, по 22 години бегство, синоќа е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка.

Тој беше осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избега од Македонија и се бараше со меѓународна потерница. Уапсен е во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години затвор.

ПОЛИЦИЈАТА ГИ РАСЧИСТУВА ЗАКАНИТЕ КОН ДАНЕЛА АРСОВСКА

СВР Скопје го расчистува случајот со заканите кон градоначалничката на Скопје, информираа од МВР.

„На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. 

Статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека странците во просек по два дена престојуваат во Македонија, но многу поретко се случува некој да остане подолго во земјава. 

Компанијата „Макстил“ информираше за промени во своите органи на управување и раководење, одлука која ја донел Одборот на директори без одржување на седница, преку електронско гласање, а врз база на Одлуката за измени на Статутот на Друштвото која ја донело Собранието на акционери, на седницата одржана на 30 мај оваа година. 

Македонија останува една од земјите во Европа со најголеми загуби на електрична енергија, а тие минатата година сме ги платиле со 91,3 милиони евра. Операторот на електродистрибутивната мрежа ЕВН Електродистрибуција пријавил уште поголеми загуби минатата година како количество - 876 илјади мегаватчасови, додека една година претходно тие биле помали - 853 илјади мегаватчасови.


Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово