19 Мај, 2024
0.0291

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски предложи Гаши да биде премиер, но тој одби

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ ПРЕДЛОЖИ, А ГАШИ ОДБИ ДА БИДЕ МАНДАТАР

Алтернатива го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. 

Овој предлог за Алтернатива е неприфатлив од причина како што велат за МИА, партијата е дел од еден друг процес.

„Му благодариме на Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго“, изјавија од Алтернатива за МИА.

ШЕКЕРИНСКА НЕМА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема да биде дел од новата Влада. Таа потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ оти не се согласувала со дел од политиките, кои според неа, придонеле за пораз на локалните избори и не очекува работите да се сменат.

„За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада“, нагласи Шекеринска.

Потенцира дека во изминатите четири и пол години, таа, како и другите нејзини колеги, и служела на државата, и се оддолжила за голема доверба добиена од граѓаните, со членство во НАТО и најбрза воена интеграција од страна на која било кандидатка членка на Алијансата. И она што за неа било особено важно, апсолутно променета ситуација во нашата Армија.

ДЕНЕС ИМА 327 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.740 тестирања, а регистрирани се 327 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 159, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Битола – 17, Гевгелија – 13, Охрид – 12, Куманово – 9, Свети Николе – 8, Штип – 7, Тетово, Велес, Крива Паланка и Валандово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Струмица, Кочани, Неготино и Крушево - по 3, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Струга, Делчево, Виница, Пробиштип, Кратово и Македонски Брод – по 1.

АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА НЕ Е ОБВРЗАНА ДА ПОСТАВИ ДИРЕКТОРИ ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите рече дека нема договор со Алијансата за Албанците и Алтернативата за именување директори во јавните претпријатија. Арсовска вели дека на овие функции ќе бидат поставени квалитетни луѓе без разлика од која партија доаѓаат.

„Немаме договор со Алијансата за Албанците и Алтернативата за тоа колку претпријатија ќе добијат. Комуналните претпријатија ќе ги водат квалитетни луѓе, а не партии. За некои од нив се уште немаме имиња“, рече меѓу другото Арсовска.

БОШКОСКИ БАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ГОРАН СТОЈКОВ

Партијата на екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски бара ослободување на  Горан Стојков. 

Обединети за Македонија соопшти дека апсењето на поранешниот командант на расформираната единица „Лавови“, Горан Стојков е крајно изненадена од двојните аршини и тоа велат дека асоцира на селективност.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сите македонски компании кои извезуваат во Германија, но и сите наши фирми кои се добавувачи за германските инвеститори што работат овде, од стартот на идната година ќе мора да исполнуваат строги услови, а тие се да работат еколошки, и целосно да ги почитуваат човековите и работничките права, но и други строги стандарди, а во спротивно, ќе ги изгубат нарачките и бизнисот.

Агенцијата за цивилно воздухопловство во иднина ќе наплаќа до едно евро од патник кој ќе полета од македонските аеродроми, според новата драфт-верзија на законот за воздухопловство кој се предлага и за кој допрва треба да се дебатира.

Ќе продолжи ли растот на платите со темпо со кое расте и продуктивноста на трудот на вработените во компаниите во технолошко индустриските развојни зони? Анализа која за прв пат по подолго време обработува клучни параметри за работата на овие фирми во последните десет години во земјава, покажа дека од 2010 наваму има континуиран раст на продуктивноста на трудот и тоа со просечна годишна стапка на пораст од дури 55 отсто.

Во повеќе земји во светот имунизацијата на децата против ковид е во полн ек. Засега најмладите се вакцинираат само со вакцината произведена од компанијата Фајзер, освен во Кина, каде што се одвива вакцинацијата и на децата од 3 години нагоре со вакцините од нивните фармацевтски компании. 

Владата одобри 15 милиони евра да се префрлат на сметката на АД Електрани на Северна Македонија за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Ваквата одлука била донесена на владина седница на 14 декември, а сега е објавена детално во Службен весник.

Трговците ги почитуваат владините одлуки за замрзнување на цените на основните производи, но и за забраната за употреба на пластичните кеси. Ова е генералниот заклучок на директорката на Државниопт пазарен инспекторат Анета Симеска-Димоска, откако од први декември Владата одлучи да замрзне цени на неколку вида на основни продукти, а пред неколку дена додаде и дополнителна листа производи чии цени трговците не смеат да ги зголемуваат.

Пандемијата не е завршена, а во вакви услови многу луѓе одлучуваат да учат јазици по пат на интернет, преку бројни видеа објавени на јутјуб каналот, каде детално е објаснета граматиката, вокабуларот, но и како се водат дијалози на странски јазици.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“