18 Мај, 2024
0.5985

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема продолжување на рокот на старите пасоши

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

НЕМА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ РОКОТ НА СТАРИТЕ ПАСОШИ

Во Собранието не беа изгласани измените на Законот за патни исправи, кои беа предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се бараше продолжување на важноста на старите пасоши со Република Македонија до крајот на 2024 година. Против измените на законот гласаа 54 пратеници, додека 46 беа “за“.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил напиша дека пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите и со тоа, како што вели, оставија на цедило над 600 илјади граѓани, но затоа им се заблагодари на дел од пратениците од власта, кои, сепак гласале „за“ и со тоа покажале дека се грижат за потребите на граѓаните. 

ГРАФА ЗА НАЦИОНАЛНОСТ НЕМА ДА ИМА ВО ИЗВОДИТЕ

Графа за националност во изводите нема да има.  Се укинува графата „националност“ во Законот за матична евиденција. Уставен денеска одлучи да ја укине законската обврска за изјаснување за националност во матичните книги, односно во изводите на родени, венчани и умрени.

Во декември, со времена мерка го укина издавањето изводи со графа „националност“. За Судот, со таа обврска граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност. 

ЌЕ ИМА КАЗНИ ЗА НЕСООДВЕТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое зголемување на цени над нормалната пазарна логика соодветно ќе реагираме, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Порача дека секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни на најсериозен начин, и повика да се изгласа законот за нефер трговски практики, а ако има потреба да реагират и Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачите.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поимотните граѓани на Македонија имале голема корист од владините мерки за одржување на животниот стандард кои се воведуваа во изминативе години како одговор на проблемите кои се наметнаа со избивањето на војната во Украина.

Како се прави добивка од два милиони евра годишно покажа скопската компанија која управува со зелените пазари во земјава.

По тригодишен пост доаѓа ли време за обилна дивиденда за акционерите во „Стопанска банка Скопје“? 

На крајот на март, акционерите на ТТК банка треба да донесат неколку важи одлуки, а меѓу нив и за исплата на дивиденда, но и за зголемување на капиталот на банката, односно основната главнина на оваа мала, но успешна банка во земјава. А, има и одлука за награди и бонуси на раководството и успешните вработени во компанијата.

Станува сè поизвесно дека оваа летна сезона ќе јадеме поскап зеленчук. Од следниот месец нема повеќе гарантирани цени во маркетите. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање