18 Мај, 2024
0.0723

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови имиња во Комисијата за заразни болести, Петличковски е претседател

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

ПРОМЕНИ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство, Беким Сали денеска официјално го претстави новиот состав на Комисијата за заразни болести, на чие чело застанува проф.д-р. Александар Петличковски, а за лице кое ќе биде задолжено за комуникација со новинарите е назначен д-р Злате Мехмедовиќ.

Во новиот состав на Комисијата за заразни болести се присутни и поранешни членови, но ова советодавно тело на министерот за здравство е надоградено и со нови имиња, експерти од повеќе области:

Претседател-проф. д-р Aлександар Петличковски

д-р Кристина Ставридис

доц. д-р Шабан Мемети

проф. д-р Калина Грифчева Ставрова

Работиме со исполнети болнички капацитети, нагласи на денешната прес-конференција инфектологот Илир Демири, воедно и член на Комисијата за заразни болести, потенцирајќи дека луѓето воопшто не треба да се опуштаат кога станува збор за варијантата омикрон, за која се вели дека дава полесна симптоматологија.

ДЕНЕС ИМА 2.000 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.

РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА ЗА СРЕДБАТА НА ПЕНДАРОВСКИ СО ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН

Посетата на Петков на Северна Македонија беше избрзана, вели бугарскиот претседател Румен Радев за БГНЕС

Вели дека бугарската дипломатија мора целосно да го искористи својот професионален капацитет, да не верува во надворешната експертиза, на невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок.

Oд ОМО Илинден Пирин реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој кажа дека тие се сепаратисти и не му се допаѓа тоа што имале средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Велат дека изјавата на Радев е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

ТТК Банка успешно ги зголемува приходите од другите банкарски операции кои досега беа во сенка на нето приходите од камати. 

Стопанска банка Скопје лани го зголеми кредитирањето за 114 милиони евра, а прибра 50 милиони евра нови заштеди и депозити кои сега изнесуваат 1,46 милијарди евра. Добивката е резултат на намалени резервации за лоши кредити во услови на одржување на високо ниво приходи од камати и раст на приходи од провизии, надоместоци и курсни разлики

Од денеска во БЕГ започнуваат преговорите со Владата, застапувана од АД ЕСМ, за нов анекс на договорот за привремена управа на компанијата која стопанисува со топловодната мрежа на главниот град. Ќе се прогнозира уште колку пари ќе бидат потребни од буџетот за грејната сезона во текот на февруари.

Централен регистар против „Таргет груп“. Aвгуст 2016 година кривична пријава на МВР за кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Македонските компании формално не може да вложуваат во крипто-валути како биткоин ниту да ги користат како официјални валути во платниот промет. Сепак, со зголеменото корпоративно вложување во крипто-валути, се повеќе ќе се наметнува прашањето од потребата за регулирање на овој нов финансиски аспект, и можност компаниите да ги користат како средства за инвестиции и вложувања.

Од денеска на бензинските пумпи се точи гориво по зголемени цени, а откако вчера Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги поскапи горивата од половина до еден денар. Според новиот ценовник моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95  чини 79,5 денари за литар, додека моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 е 81,5 денари за литар. Изразени во евра, цената на бензинот од 95 октани е 1,292 евра, а на 98-мицата е 1,325 денари. Литар дизел чини 71,5 денари или 1,162 евра. 

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање