14 Декември, 2025
0.1054

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Новиот гувернер Трајко Славески вети дека ќе ја оправда довербата, приоритет ќе му биде ниска инфлација

Објавено во: Економија 29 Мај, 2025 22:00

Добивај вести на Viber

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ГИ ПРЕТСТАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ

Новоизбраниот вицегувернер Трајко Славески денеска во Собранието даде свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Славевски синоќа пред полноќ со 68 пратенички гласови беше изгласан за нов гувернер на Народна банка со мандат од седум години, а на таа позиција ќе ја наследи Анета Ангеловска-Бежоска.

„Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава.

АРСОВСКА И ГАНИУ ПРОДОЛЖУВААТ СО КАВГАТА

Продолжува драмата помеѓу градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Во доцните часови, ноќеска, Ганиу организирано со камиони и со граѓани, заминаа пред Град Скопје каде истурија ѓубре пред влезот на градот.

Набрзо, на местото се појави градоначалничката, Данела Арсовска, која на присутните им бараше телефонски број од Ганиу за да го повика да дојде и нагласи дека во општина Чаир го чекала 4/5 часа.

ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Е ЗАВРШЕНА

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека истрагата за пожарот во Кочани е завршена, а од утре почнува увидот на одбраната во доказите. 

Тој за Тв 24 вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата. Kaжа дека се работи за многу сложена истрага. 

Коцевски вели, полицијата влегла во „Пулс“ 15 минути пред пожарот.

ОЈО ЈА ОТФРЛИ ПРИЈАВАТА ЗА СЕРТИФИКАТОТ НА БОЈАН ХРИСТОВСКИ

Друг сертификат по англиски јазик го спаси директорот на АНБ, Бојан Христовски, а ОЈО ја отфрли пријавата. 

Јавниот обвинител ја отфрли анонимната кривична пријава против директорот на АНБ Бојан Христовски во која тој се обвинуваше за лажен сертификат по англиски јазик издаден од училиште во Бугарија. Иако македонското обвинителство побарало од бугарските колеги да го проверат центарот од каде што бил издаден сертификатот „Јулија КО ЛТД“ сепак сопственичката не била достапна за сведочење, па меѓународната правна помош не била од корист. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во услови кога температурите во Европа достигнуваат рекордни вредности, Македонија веќе го подготви Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението (2025–2030). 

Во земјава се случувало работник да побара покачување на плата, да го добие и по кратко време да добие отказ. Работниците ова го гледаат како еден вид одмазда и порака дека секој работник е заменлив.

Една од најпознатите компании за дистрибуција на пијалоци, Скопско Груп ДООЕЛ Кавадарци, влегува во компанијата „Аутомакедонија“. 

Бизнисменот и угостител Лазе Таневски по точно една година откако му истече пратеничкиот мандат во Собранието и законски доделената апанажа од 12 месеци, се врати повторно на чело на охридските хотели кои што ги менаџира.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји