ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одложено e гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2025 21:38
ВО ЕП Е ОДЛОЖЕНО ГЛАСАЊЕТО ЗА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА МАКЕДОНИЈА
Поради наводен притисок од бугарските европратеници, Европскиот парламент на ЕУ денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава во кој за прв пат требаше да ги има термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.
Гласањето е одложено за 24 јуни, а Томас Вајц, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, призна дека тоа е направено поради тензичната атмосфера наметната од бугарските европарламентарци.
Претходно беше објавено дека бугарски и грчки европратеници поднеле 300 амандмани за извештајот, а меѓу нив има и прелдог македонската нација да добие префикс „сегашна“, што за актуелната власт е неприфатливо.ОЈО ИСПРАШАЛО ПОВЕЌЕ ЛИЦА ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР
Oсновното јавно обвинителство(ОЈО) испрашало повеќе лица за дивоградбите во Чаир, собрана е и документација.
Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир, за која постои сомнеж дека е фалсификувана. Од ЈОРМС информираат дека предметот е оформен по допрен глас врз основа на медиумски написи.
„Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски на РСМ, од Државниот управен инспекторат на РСМ, но и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.ПОВРЕДЕН ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ РЕАГИРА ДЕКА ДРЖАВАТА НЕ ПОМАГА ДОВОЛНО
Дарко Златев, еден од тешко повредените во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, каде загинаа 62 млади лица, на својот профил на Фејсбук објави јавен апел. Во потресната објава, тој зборува за тешката загуба, но и за, како што вели, целосното отсуство на институционална поддршка и грижа.Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




