13 Мај, 2024
0.0295

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсмани ги покани дел од противкандидатите на ифтарска вечера, покана нема за Ванковска и Јакимовски

Објавено во: Македонија 21 Март, 2024

Добивај вести на Viber

ОСМАНИ ГИ ПОКАНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ НА ИФТАР, СО ИСКЛУЧОК НА ВАНКОВСКА И ЈАКИМОВСКИ

Кандидатот за претседател номиниран од ДУИ, Бујар Османи,ги покани на заеднички ифтар преостанатите претседателски кандидати, освен Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски.

„На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“,напиша министерот за надворешни работи.

ВАНКОВСКА И ЈАКИМОВСКИ ГО КАЖАА СВОЈОТ СТАВ

Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска на Фејсбук реагира на објавата на противкандидатот од ДУИ, Бујар Османи кој информира дека ги поканил на ифтар вечера претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски. 

Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски кој не е поканет на ифтарската вечера со кандидатот за претседател Бујар Османи, вели дека тоа е нечесен гест на нечесен човек кој слуга. 

„А зошто да ме погоди тоа што Бујар Османи не ме кани на ифтарска вечера? Има чесни и има нечесни луѓе, така што сме одвоени едни од други. Веројатно јас и противкандидатката Билјана Ванковска спаѓаме во чесните луѓе. А што може да се очекува од Османи, освен да продолжи да слугува. 

АЛБАНСКО ЗНАМЕ И ЗНАМЕ НА УЧК ПОСТАВЕНИ НА МАНАСТИР ВО ТЕТОВО

Поставеното албанско знаме на куполата на манастирот „Свети Атанасиј“, на тетовското кале и знамето на УЧК на влезот на калето се отстранети.

Црковниот одбор, кој го надгледува овој храм, ги забележал знамињата по што пријавил во СВР Тетово, од каде информираат дека се трага по сторителите.

„Веднаш по пријавувањето, на местото е испратена екипа од СВР Тетово. Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот “ информираа од СВР Тетово.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дали стапката за невработеност е доволен показател за активноста на мнозинството граѓани на пазарот на труд во земјава. Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година сме имале 13,1 отсто невработеност во земјава.

АД Македонијатурист го назначи поранешниот четирикратен градоначалник на Илинден, Жика Стојановски, за в.д. директор на хотелот „Белви“ кој се наоѓа во истата општина која што гравитира кон Скопје.

Берзата традиционално ги објави податоците за профитите на македонските котирани друштва, а во нив, пак, исто така традиционално, неколку компании се издвојуваат по своите високи профити.

Дваесет милиони евра годишен приход од леб, пецива и брашно е голема работа за македонскиот пазар. А при тоа и најголема добивка во период од десет години. Ќе му тргне ли конечно на гигантот „Жито Лукс“?

Берзанскиот систем за информации СЕИ нет е секогаш интересно место за објавите кои ги споделуваат македонските котирани компании, а кои се однесуваат на инвеститорската јавност за која се битни сите промени или новини што се случуваат во компаниите.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИЈА МНР И БУЈАР ОСМАНИ: Избраните функционери да внимаваат, земјава продолжува да ги почитува Уставот и стратешките договори

СЕ ОГЛАСИЈА МНР И БУЈАР ОСМАНИ: Избраните функционери да внимаваат, земјава продолжува да ги почитува Уставот и стратешките договори

Мицотакис: Силјановска Давкова го прекрши договорот од Преспа

Мицотакис: Силјановска Давкова го прекрши договорот од Преспа

ПРАВНИКОТ ЗНАЕ ДЕКА ПРЕЗЕМАЊЕТО ДОЛЖНОСТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ДРЖАВА „МАКЕДОНИЈА“ ЗНАЧИ „ПРЕЗЕМАЊЕ“ НА НЕПОСТОЕЧКА ДОЛЖНОСТ: Се огласи и Величковски

ПРАВНИКОТ ЗНАЕ ДЕКА ПРЕЗЕМАЊЕТО ДОЛЖНОСТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ДРЖАВА „МАКЕДОНИЈА“ ЗНАЧИ „ПРЕЗЕМАЊЕ“ НА НЕПОСТОЕЧКА ДОЛЖНОСТ: Се огласи и Величковски

ДАВКОВА ДОБРО ЈА „ПРОТРЕСЕ“ ЈАВНОСТА: За „Македонија“ пристигнаа лавина реакции, еве кој се реагираше

ДАВКОВА ДОБРО ЈА „ПРОТРЕСЕ“ ЈАВНОСТА: За „Македонија“ пристигнаа лавина реакции, еве кој се реагираше

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски