26 Април, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пендиков ќе добие сместување во Бугарија, а полицијата ги уапси лицата кои го демолираа македонскиот клуб

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

ПЕНДИКОВ ЌЕ ДОБИЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА И ДРЖАВЈАНСТВО

Охриѓанецот Христијан Пендиков останува во Бугарија. Тој таму ќе добие сместување, но и државјанство во најкус можен рок. 

Бугарскиот шеф на дипломатијата, Николај Милков денеска на прес-конференција кажа дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Пендиков, кој со бугарски владин авион го однесоа на лекување во Бугарија по тепачката во Охрид, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, пренесе БНТ.

Милков вели дека Пендиков се плаши за својот живот ако се врати во Македонија и затоа се размислува и за можноста да му се даде и лично обезбедување.

Откако бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков денеска објави дека охриѓанецот Христијан Пендиков ќе добие државјанство во најкус можен рок и стан, затоа што не се чувствува безбедено во земјава, македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека во тоа не можат да се мешаат. 

УАПСЕНИ ЛИЦАТА КОИ ГО КАМЕНУВАА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ ВО БЛАГОЕВГРАД

Бугарската полиција привела четири лица кои признале дека го искршиле македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. 

Полицијата во Благоевград информира дека се откриени сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот клуб, пишуваат бугарските медиуми. Демолирањето се случи на 4-ти февруари кога бугарски граѓани направија инцидент  на бугарската граница, по што полицијата ги приведе, добија казни од 300 евра и забрана за влез во Македонија во период од 3 години. 

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Трогателен момент на раѓање на нов живот под урнатините ја разнежни планетата по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, при што загинаа најмалку 5.000 луѓе.

Ројтерс објави шокантна снимка од Хатај на границата на Турција со Сирија во која доброволци им помагаат на спасувачите.

На неа се гледа маж како стои пред урнатините и ја слуша жената, која е закопана, викајќи „Помош!“, додека удира во нешто метално, за мажот да ја слушне.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ограничување на надоместоците кои може да ги наплатува финансиското друштво при одобрување на потрошувачки кредити, зголемување на главнината за основање друштво, како и поседување репутација се дел од измените на Законот за финансиските друштва кој е во Собрание. 

Секоја од трите најголеми банки во 2022 година, во просек, во македонската економија вбризгале по 100 милиони евра кредити, а вкупно нивните кредитни пласмани надминуваат 3,5 милијарди евра. И кај трите најголеми банки видлив е трендот на намалено вложување во државни обврзници

Поради карцином на грлото на матката, жените кои се борат со оваа болест остануваат без репродуктивните органи и тоа само доколку станува збор за почетна фаза, а доколку болеста веќе е во напреднат операбилен стадиум се пристапува кон радикален оперативен зафат со отстранување на матката, јајницити, лимфни јазли...

За „докомплетирање и отстранување на недостатоците“ на првата фаза од автопатот од граничниот премин Блаце до селото Блаце во должина од 2 километри, градежната компанија „Гранит“ доби уште еден договор од Јавното претпријатие за државни патишта.

Домашната градежна компанија Фабрика Карпош ќе земе кредит од 850 илјади евра од Прокредит банка. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИТАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИТАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг