ФАКТОР НА ДЕНОТ: Приведени лицата кои правеа нереди, а од утре почнуваат блокадите на четири локации
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2022 22:18
ОД УТРЕ ЌЕ ИМА БЛОКАДИ ВО МАКЕДОНИЈА
На 4 места, во Скопје пред Владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп, објавија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“.
„Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија. Сабота во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, НЕДЕЛА во 19 часот пред влада“, стои во нивната информација.СЕ ОДРЖА ШЕСТИОТ ПО РЕД ПРОТЕСТ
Поранешниот амбасадор и вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски вели дека ова лето ќе биде запаметени како лето во кое македонскиот народ повторно си ја зема државата во свои раце.
Тој кажа дека државниот врв преговарал со Софија, а лажеше дека не преговара и резултат на тоа е францускиот предлог.
Боцевски кажа дека пред себе гледа три знамиња, и луѓе од повеќе националности.
„Се обидоа да не разбијат и скршат. Се сеќаваме завчера кога ни ги уфрлија оние со качулките, се сеќаваме што направија вчера, кога на нас потегнаа пиштоли, сакаа крв да падне, сакаа во црно да ја завијат Македонија и од овде мора да порачаме дека одговорноста за овие настани е кај Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, кај Бујар Османи“, изјави Боцевски.
Вели дека нема промена на македонската историја, а јазикот ќе си го браниме.Од Македонец Бугарин не бива и во најлошиот кошмар, изјави вечерва актерот Сашо Тасевски на протестот.
На политичарите им порача дека ако потпишат нема да бидат поголеми Европјани. Ги нарече робови на Софија и Брисел.ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ПОДДРЖИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија нема да поддржи никакви уставни измени.
Вели дека што и да се случува, каква и да е национална катастрофа, тие нема да прифатат, и власта 80 пратеници нема. Кажа дека предавници во овој состав немаат. Порача дека нема да наседнуваат на провокации.
„Овој мирољубив народ знае дека силата е во масовноста, не е во насилството“, вели Мицкоски.ПРИВЕДЕНИ ЛИЦАТА КОИ ПРАВЕА НЕРЕДИ
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




