26 Април, 2024
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Регистриран е Центар за македонски јазик во Грција, Заев и Димитров честитаа

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

РЕГИСТРИРАН Е ЦЕНТАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ЛЕРИН

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска позитивно реагираше на веста за официјалната регистрација на Центарот за македонски јазик во Грција.

Веста е пренесена како чин кој де факто претставува признавање на македонското говорно население во Грција, како што претходно објавија од центарот.

„Еве ги плодните од Преспа, радувајте им на сите што го зборуваат македонскиот јазик, на сите Македонци.

Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Северна Македонија и Грција кои со нетрпение го очекуваат овој убав чин, кој е особено важен како доказ за блиските односи меѓу двете земји.

Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер Ципрас и Мицотакис за нивните зборови и посветеност во градењето искрено пријателство и добрососедство“, напиша Заев на Фејсбук.

ШТАЈНМАЕР ВЕЛИ ДЕКА ДО 2030 ГОДИНА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ, НО СО РЕФОРМИ

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вели дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи.

Вели дека акцентот треба да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.

„Вие сами одлучувате што ја прави вашата земја посебна. Вие решавате како изгледа македонскиот идентитет денес и како ќе изгледа во иднина“, порача германскиот претседател Штајнмајер во Собранието. 

Македонскиот претседател  Стево Пендаровски пак е уверен дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, преговорите ќе бидат завршени во реално време.

АПАСИЕВ И КРМОВ ГО ПОСЕТИЈА ГРОБОТ НА ТИТО

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борис Крмов, на Денот на Републиката, некогашниот празник на СФРЈ, го посетија гробот на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито во Белград.

„По повод Денот на Републиката, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори - Јосип Броз Тито, под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во војната и Револуцијата. Македонците и антифашистичката идеја победија“, соопшти Левица. 

Од „Левица“ велат дека денеска е исплукан гробот на Јосип Броз Тито и згазени идеалите на македонските партизани, на НОБ и АСНОМ.

ПОЧИНА ЈОВИЦА УГРИНОВСКИ

Македонија останува без еден од врвните неврохирурзи. Почина проф. д-р Јовица Угриновски. Најблиските се се простија од својот ментор, професор, колега и на Инстаграм профилот на НЕУРОМЕДИКА напишаа: 

-Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77 годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван професор д-р Јовица Угриновски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Доколку имате корија од која користите дрва за огрев, време е да засадите нови садници кои за неколку децении ќе оформат дрвна маса и ќе можете да ги сечете.

„Фруктал Мак“ ќе плати вкупно 390.000 евра за лиценците на словенечкиот бренд „Фруктал“ и на српски „Нектар“. Податокот за вреднувањето на словенечката лиценца е доказ за тоа колку е значајно градењето бренд препознатлив по квалитет и доверба кај потрошувачите.

Кумашинот на поранешниот премиер Зоран Заев, Горан Митров - Гна, очигледно ги следи модерните бизнис текови, па последната амбиција му е влегување во бизнисот со електрична енергија.

Народна банка ги објави кварталните податоци за банкарскиот систем, па повторно е време за пресметка кој колку тежи на финансиската сцена.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо