25 Април, 2024
0.0314

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија 117 години од смртта на Делчев, изјавите од Бугарија ја брануваат јавноста

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

СЕ ОДБЕЛЕЖУВААТ 117 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Делегација од Собранието предводена од пратеничката Фросина Ременски денеска во црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе по повод 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев. Ременски рече дека некои историски константи не можат да бидат предмет на политичко договарање, смета пратеничката Фросина Ременски прашана во врска со тоа како гледа на несогласувањата што постојат меѓу нашата земја и Бугарија за Гоце Делчев.

– Фактот дека Гоце Делчев е наша историска константа вткаена во нашата државност и во нашата револуционерна борба и во тој контекст не може да има какви било политички толкувања, меѓутоа историските факти треба да се земат предвид и секако да се почитува фактот дека нашиот великан Гоце Делчев почива во престолнината на слободна и суверена Македонија како што и беше неговиот аманет. Во далечните времиња на поствоена Југославија заедно со великанот Јосип Броз Тито, чија смрт ја одбележуваме, исто така, на денешен ден, вреди да се спомене дека благодарение на соработката моштите на Гоце Делчев почиваат во Скопје. И денеска ја имаме таа историска прилика како нови генерации и генерации кои ги следат неговите идеали да се поклониме пред неговиот гроб и да оддадеме почит на неговите дела за нашата државност, изјави Ременски.

Таа вели дека Гоце Делчев заслужува да биде столбот, како што и досега е, на нашата државност и дека не сака да ги коментира гледиштата на другите интелектуалци за потеклото на македонскиот идеолог.

КОВАЧЕВ ВЕЛИ НЕ САКААТ ДА ГО ЗЕМАТ ДЕЛЧЕВ

Ние не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев од Македонците, затоа што и ние и тие сме наследници на истите луѓе кои во минатото не делеле, изјави бугарскиот европратеникот Андреј Ковачев. 

„Денеска се навршуваат 117 години од смртта на Гоце Делчев. Личноста на големиот револуционер не треба да ги дели, туку да ги обединува Бугарија и Република Северна Македонија. За жал, толкувањето на модерната реалност е основа на апсолутно фалсификување на историјата“, вели Ковачев за БГНЕС. 

Тој смета дека „од исклучителна важност е актуелните генерации во Македонија да не продолжат да се едуцираат во лага, која создава омраза и поделба“, но во исто време истакнува и дека „никој не сака на современото население во Македонија да му наметнува како ќе се нарекува“. 

Според Ковачев, во основа на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија не е современата реалност, туку толкувањето на историјата, па затоа заедничката македонско-бугарска комисија своите заклучоци треба да ги базира на факти и историски извори, а не на толкувања на одделни историчари. 

ПЕЈАЧОТ ДРАГАН ВУЧИЌ ЈА ИЗГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАТА

На Клиниката за Инфективни болести, утринава почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Во изјава за Женски магазин негови блиски пријатели, велат дека тој бил позитивен на вирусот Ковид-19.

Вучиќ кој боледувал од дијабетес, на Инфективната клиника бил хоспитализиран  цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. 

Од блиски на семејстото Вучиќ дознаваме дека позитивна на вирусот е и неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми. 

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека денеска имаме еден пациент на возраст од 65 години, кој починал. 

Има седум потврдени случаи на Ковид 19. Вкупната бројка од почетокот на епидемијата е 1.518. 

Министерот вели дека над 50 здравствени работници од 70 кои беа заразени во Куманово, се вратени на работа. 

„Сите имаат два негативни тестови согласно критериумот. Сите одделенија во болницата функционираат нормално“, вели Филипче. 

СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР

Хеликоптер паднал на аеродромот во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи.

„Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 од засега непознати причини при полетување паднал. 

Во него биле пет лица. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Германија е во рецесија поради пандемијата со коронавирусот, а тоа може да се одрази на работните места на македонските граѓани кои се таму, но и на работниците од регионот кои заминале во Германија.

Направивме анализа на годишните сметки на скоро 400 микро, мали, средни и големи компании корисници на средства на Фондот за 2019, споредено со предходните години. Бројките се повеќе од охрабрувачки.

Македонската економија годинава треба да падне за 3,4 отсто според основното сценарио на МФ, со тоа што негативните ефектите се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забаваување на контракцијата, а во четвртото закрепнување и позитивен резултат.

Шефот на државата Стево Пендаровски нема да учествува на прославата на 75-годишнината од победата во Втората светска војна на 9 мај во Москва, затоа што претседателот деновиве добил известување дека настанот е откажан поради епидемијата, потврдуваат од неговиот Кабинет за „Фактор“.

Можеби ќе ве интересира

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство