08 Мај, 2024
0.0267

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Синдикатите бараат работодавците да ги плаќаат ПЦР тестовите, сега Владата е на потег

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

СИНДИКАТИТЕ ГИ КАЖАА БАРАЊАТА НА ФИЛИПЧЕ

Министерот за здравство, по средбата со синдикалните лидери изјави дека мерката за вакцинирање на вработените важи за луѓето во јавните и приватните институции,  а иницијативите дојдоа од претставниците на Стопанските комори. 

„Тоа што го побараа претставниците на синдикатот, а ќе биде разгледано на утрешната седница на владата е прво мерката, по моментот за донесување, да важи не 10 дена, туку 15 дена потоа, со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството на синдикатите. Понатаму да бидат дадени два, слободни платени денови за луѓето кои ќе се вакцинираат, денот на вакцинација и следниот ден и последното барање во однос на оние кои не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот како алтернатива, што треба да се прави секоја недела, наместо на сопствен трошок, да биде на товар на работодавачите”,  изјави Филипче.

Овие предлози ќе бидат разгледани на утрешната владина седница. 

ДЕНЕС ИМА 155 ЗАРАЗЕНИ И 13 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 32, Прилеп – 30, Кавадарци – 29, Кочани – 20, Куманово – 17, Тетово и Велес – по 14, Штип и Крива Паланка – по 12, Кратово – 6, Пробиштип и Демир Хисар – по 5, Охрид, Неготино и Делчево – по 4, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3, Свети Николе и Берово – по 2, Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

KРИЗНИОТ ШТАБ НЕ ДОНЕСЕ ЗАКЛУЧОЦИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово на Главниот Координативен Кризен Штаб (ГККШ) ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени на состанокот, минатата недела. 

Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава како и за покачување на вакцинацијата во државата.

ЛЕВИЦА И ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА НА ДАРДИШТА

„Левица“ поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта, функционерката од ДУИ, за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална основа. 

- Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани. Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост. 

Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина, се вели во соопштението на политичката партија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Заврши жетвата на ориз во кочанскиот крај, која оваа година траеше два месеци. Таа почна по 20-ти септември, но поради човечкиот фактор и временските услови, заврши деновиве.

Агенцијата за електронски комуникации донесе конечна одлука за еднократен надоместок за 5Г фреквенциите од 20 милиони евра кои ќе бидат побарани од мобилните оператори, а Владата се согласи да ја прифати. Одлучено е наплатата да биде еднократна во националниот буџет.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава