06 Мај, 2024
0.0259

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Спречен е обид за атентат на Зеленски, а Русија ќе употреби нуклеарно оружје ако биде загрозено нејзиното постоење

Објавено во: Македонија 22 Март, 2022

Добивај вести на Viber

СПРЕЧЕН Е УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ

Украина спречи уште еден обид за атентат на претседателот Володимир Зеленски, а  уапсена е група од 25 обучени убијци. 

Германски „Билд“,објави дека  групата е уапсена на границата со Словачка. Ова го тврдат и властите во Киев. Ужгород се граничи со соседна Словачка и се наоѓа на само неколку километри подалеку од границата на Украина со Унгарија.

Извори од киевското контраразузнавање изјавија за новинската агенција Униан дека луѓето ги придружувал агент на руската тајна служба.

Тие, наводно, имале наредби да го убијат Зеленски и да се инфилтрираат во други елементи на украинската влада.

Украинските разузнавачки служби тврдат дека политичката елита во Русија не сака војната во Украина да продолжи и дека тајно се подготвува соборување на Путин. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска изјави дека од градот Мариупол повеќе не останало ништо, освен урнатини. 

РУСИЈА ЌЕ УПОТРЕБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ АКО БИДЕ ЗАГРОЗЕНО НЕЈЗИНОТО ПОСТОЕЊЕ

Русија ќе употреби нуклеарно оружје само доколку биде загрозено нејзиното постоење, вели портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. 

Песков наведува дека целта на руската инвазија врз Украина не е окупација на земјата, пренесе Тасс.

Портпаролот Песков изјави дека никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и дека целата кампања уште се планира.

За нуклеарното оружје, Песков кажа дека Русија ќе го употреби само доколку биде загрозено нејзиното постоење како држава.

ДЕНЕС ИМА 310 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 199, Битола – 19, Куманово – 15, Кавадарци – 13, Прилеп – 9, Охрид и Штип –по 8, Велес – 5, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 4, Тетово и Гостивар – по 3, Делчево, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кичево , Кочани ,Неготино ,Радовиш , Крива Паланка, Дебар, Валандово, Виница , Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (310) ,регистрирани се 49 реинфекции.

РКЕ ГИ ОБЈАВИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

Бензинот и дизелот од полноќ ќе се продаваат по иста цена, додека поскапува мазутот за два денари, објави Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ). 

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 79,00 (денари/литар) - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,00 (денари/литар) - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 77,00 (денари/литар) - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 75,50 (денари/литар) - Мазут М-1 НС - 52,354 (денари/килограм).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради војната, Украина ќе претрпи големи демографски штети. Демографот Дончо Герасимовски вели дека во нормални околности, луѓето мигрираат поради повисоки плати, подобри услови за живот, но сега имаме присилно раселување. 

Цел град го пребаравме во саботата и никаде не ни дадоа масло за јадење. Дури вчера најдов во еден маркет, ама и тоа беше „со врски“, изјави за Фактор жителка на Кочани. Иако попладнето купи зејтин по 105 денари за литар, изјави дека на полицата немало, туку успеала да го земе со познат кој работи во маркетот. 

Скопската рафинерија на нафта ОКТА е главниот снабдувач на државните задолжителни резерви со нафта, и за таа цел во февруари наплатила 2,3 милиони евра.

Голема е побарувачката на работници, особено од Македонија, за сезонска работа на хрватската ривиера. Дефицитарна работна сила најчесто се менаџери, готвачи, пица - мајстори, келнери - претежно од угостителскиот сектор. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува