19 Мај, 2024
0.0396

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вархеји допатува во Скопје, немаше изјави, туку на Твитер информираа за што разговарале со Заев

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ВАРХЕЈИ БЕШЕ НА СРЕДБА СО ЗАЕВ

Неколку теми биле во фокусот на разговорот меѓу премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тие денеска имаа средба во Скопје. 

За средбата, Заев информираше  на Твитер. 

„Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде што ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за Северна Македонија и за ЕУ, и посветени сме на тој процес“, информираше Заев.

Посетата на Вархеји следува по вчерашната на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. 

ПОЧИНА МОМЧЕ КОЕ ПОМАГАШЕ ВО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ

Длабоко сочувство до семејството и до пријателска Словенија. Жителите на Берово и Пехчево, но и цела држава ќе ја памтат пожртвуваноста на Жан, објави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска откако од Словенија стигна вест за траичната смрт на Жан Кофол. За него македонската јавност дозна за време на исклучително тешките денови за Македонија кога во земјава беснеаја пожари. 

Жан беше дел од доброволците кои дојдоа од Словенија и беше еден од најпожртвуваните и посветените во справувањето со огнената стигија. 

НЕМА ДА ИМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ

Директорот на Државниот завод за статистика,  Апостол Симовски, за ТВ21 изјави дека нема потреба од пролонгирање на рокот за спроведување на пописот, бидејќи е убеден оти целиот процес ќе биде комплетиран навреме.

Дел од граѓаните се жалат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домови.

Граѓаните можат да се попишат и на локации во своите општини. 

Oд Владата соопштија дека не е разговарано за пролонгирање на пописот, и дека ДЗС ќе го има последниот збор. 

БЕЗВИЗНИОТ РЕЖИМ ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК?

ЕУОбсервер утрово го објави ексклузивниот интерен документ на земјите членки во ЕУ - Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата” на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Веста одекнува во време кога претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го посетува регионот.

НОВА ПРОТЕСТНА НОТА ОД БУГАРИЈА

Бугарското МНР му врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија, Владимир Крстевски поради замена на спомен-плоча која претходно била испишана на бугарски јазик.

Според директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева, бугарската дипломатска мисија во Скопје открила дека во дворот на црквата во село Клепач, во прилепско, заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.

ДЕНЕС ИМА 454 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица – по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 9, Тетово и Гевгелија – по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово – по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар – по 2, Берово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од: Скопје – 208, Струмица – 17, Тетово – 10, Велес и Битола – по 8, Прилеп и Кочани – по 7, Штип – 6, Дебар – 4, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип – по 3, Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија – по 2, Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 починати лица од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години.  Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Жителите на Чешиново, село познато по производство на ориз, и оваа година се разочарани, затоа што годината беше лоша, временските услови неповолни, приносите ќе бидат слаби, а откупната цена ниска.

Изградбата на автопатот Кичево - Букојчани кон Гостивар на Коридорот 8 во должина од 12,7 километри ќе чини 110 милиони евра, според законотот за гаранција според кој Европската банка за обнова и развој треба да му го даде овој заем на Јавното претпријатие за државни патишта, а за истиот е предложено да се донесе по скратена постапка во Собранието.

Полскиот државјанин Војчек Едвард Пилц, кој пред околу еден месец купи близу 22 отсто од акциите на кичевскиот рудник „Тајмиште“, ја менува целата раководна постава во компанијата, а тој ќе биде назначен за претседател на Одборот на директори.

Болката не е примарен и главен симптом кај скоро сите карциноми на репродуктивните органи кај жената, но доколку се појави одредена состојба тогаш веќе е задоцнето со дијагностика, посочува во денешното интервју, д-р сци мед Никола Баџаков, специјалист гинеколог во приватната клиничка болница Аџибадем Систина.

И по промената на името државната „Пошта“ продолжи да работи со загуба. Под палката на Јани Макрадули државното претпријатие и покрај владината корона субвенција од речиси 2 милиони евра, годината ја заврши со загуба од 1,54 милиони евра и зголемен број вработени

Куќа со помошна просторија, ливада, едно возило, заштеда ама и кредит има во имотната состојба новиот претседател на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје