ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата почнува со работа, Мицкоски најави повисоки пензии
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024 21:50
МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ
Низ вековите наназад, граѓаните на оваа земја неуморно и макотрпно работеа. Во најтешките времиња секогаш беа со својата татковина, жртвувајќи се себеси, објави Христијан Мицкоски на фејсбук, откако стана премиер.
„Од генерација на генерација, работата и пожртвувањето беа светилници на нашиот народ.
Денес е време татковината да возврати.
САМКА ИБРАИМОСКИ Е ПРИЈАВЕН ДЕКА СЕ ЗАКАНУВАЛ НА УСТАВНИ СУДИИ
По веста дека претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски пријавил во полиција дека едно лице им се заканува по живот на уставните судии и соопштението потоа на МВР дека е утврдено дека станува збор за С.И. кој преку социјална мрежа упатувал закани, телевизија Сител открива дека станува збор за екс пратеникот Самка Ибраимоски.
Ибраимоски ги испраќал преку Фејсбук, но самиот тој негира дека станува збор за закани по живот, туку за критика во едно демократско општество поради политиката извршителите да наплаќаат и стари долгови од сиромашни лица, како што се Ромите кои тој, вели, ги застапува. Тој нагласи дека има право како предлагач на закон, кој е одбиен, да критикува. Ибраимоски е повикан да отиде во полиција.ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА
Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и оти постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.
НОВИТЕ МИНИСТРИ НАЈАВИЈА ШТО ПЛАНИРААТ ДА РАБОТАТ
Можно е да се воведе градски воз во Скопје.
Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




