18 Мај, 2024
0.0305

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев сака да го разреши Пауновски, инспекторите потпишуваат петиција за поддршка

Објавено во: Македонија 23 Април, 2021

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА СТОЈКО ПАУНОВСКИ ОД ДПИ

Дел од рамковно вработените предизвикаа вистинска „вербална“ војна меѓу премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Откако првиот човек на Пазарната инспекција рече дека нема да ги прими сите 35, туку само 12 од вработените што и се доделени на неговата институција, дури и по цена да биде разрешен, премиерот Зоран Заев, можеби и малку невообичаено за него, остро му возврати дека таа програма за вработување мора од сите да се спроведе, па дури и му забележа дека е многу гласен во последно време.

Пауновски знае дека инспекторатите добиваат 104 вработувања од кои 15 се за ДПИ и се надвор од оние според правична застапеност, неприфатливо е да не се почитуваат одлуките на Владата, реагираат вицепремиерот Артан Груби и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. 

Велат дека со усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, којшто беше усвоен на 40-тата владина седница, Владата најде решение за еден сериозен децениски проблем за кој реагираа граѓаните. 

ИНСПЕКТОРИ ПОТПИШУВААТ ПЕТИЦИЈА

Врие во Државниот пазарен инспекторат, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе покрене постапка за разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, од владините служби кои се за тоа задолжени. 

Вработени во Државниот пазарен инспекторат, како и инспектори, се во шок по изјавата на премиерот. 

Тие бараат итно средба со премиерот Зоран Заев, на која ќе побараат од него да ја преиспита ваквата своја најава за смена на Пауновски.

УШТЕ 33 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 155, Битола - 52, Куманово - 47, Прилеп – 27, Струмица - 25, Охрид – 21, Тетово и Велес – по 19, Штип – 18, Кочани – 16, Кичево -15, Радовиш и Виница – по 10, Гостивар и Струга – по 7, Кавадарци – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Гевгелија, Берово и Демир Хисар – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Валандово – 2, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 905 оздравени пациенти од:

Скопје – 375, Охрид – 92, Битола – 70, Куманово – 66, Велес – 35, Гостивар – 34, Штип – 27, Тетово – 26, Струга – 21, Струмица и Кочани – по 20, Прилеп – 19, Гевгелија и Валандово – по 16, Кичево – 12, Ресен – 8, Радовиш и Свети Николе – по 7, Берово и Делчево – по 5, Виница, Богданци, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кавадарци и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица. 

ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ВАКЦИНИРАА

Пратениците од денеска се вакцинираат во Спортската арена А1, а нивното приоритетизирање како дел од критичната инфраструктура беше мета на јавна осуда, дополнително откако вчера вечерта се тврдеше дека пратениците ќе се вакцинираат со Фајзер вакцината. Сепак утрово кога првите пратеници пристигнаа на термините за вакцина стана јасно дека ќе се употребува руската вакцина Спутник, како што потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

Сепак пратеникот Павле Трајанов тврди дека епак имало замена на вакцината откако тоа беше јавно искритикувано. Прстот го вперува кон министерот за здравство Венко Филипче.

КОСОВО НЕМА ДА ГО ЕКСТРАДИРА ИСМАИЛОВИЌ

Основниот суд во Приштина го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ, осуден во случајот „Монструм“. 

Во меѓувреме, скопскиот Кривичен суд на 23 февруари оваа година го осуди Алил Демири на доживотен затвор, како и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Останатите двајца обвинети, 

Фејзи и Хаки Азири, беа осудени од судот на 15 и девет години затвор. Во меѓувреме, Сами Лута беше ослободен од обвинение во отсуство на докази.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Стојко Пауновски е мој личен пријател, но јас ќе барам од службите од Владата, од вицепремиерот Љупчо Николовски, доколку постои основа, да биде покрената постапка за негово разрешување.

Граѓаните да не се грижат, за Велигден ќе има јагнешко месо, но ќе биде поскапо, вели Скендер Аме, претседател на Здружението на сточари „Дешат“ од Дебар.

Царинската управа на последниот ден од 2020 вработила 118 нови лица на огласот кој беше објавен за 119 работници. Во Царина инаку на крајот од мината година имало 1.167 вработени лица, вели деталниот годишен извештај на управата.

Крајниот рок за упис во регистарот на вистинските сопственици без надомест е 27 април за регистрираните субјекти кои согласно законот треба да го направат уписот. За новооснованите субјекти рокот е 8 дена од денот на основањето на субјектот како и 8 дена од денот на промената на вистинскиот сопственик кај веќе регистриран субјект, вели директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски.

За сите 252 вработени лани ЦКБ Банка платила фиксен дел од 2,5 милиони евра. Половина милион евра се платени на 22 менаџери од средно ниво (раководство на филијали, раководители на организациски единици н.з.), а за тројцата врвни директори просечно лани банката плаќала бруто износ од 3.840 евра однос 138.200 евра

Во текот на викендот, за прв пат на Клиниката за ортопедски болести е направена експлантација на коскено ткиво од починат дарител.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност