10 Декември, 2025
0.0357

НЕ СО ФАЈЗЕР, ТУКУ СО СПУТНИК V: Филипче кажа со која вакцина се вакцинираат пратениците

Објавено во: Македонија 23 Април, 2021 11:32

Добивај вести на Viber

Денеска како дел од вработените во критичната инфраструктура се врши имунизација на пратениците и дел од стручните служби кои во претходниот период не беа вакцинирани, а ќе ја примат вакцината на Спутник V, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, беа во посета на вакциналните пунктови во Спортскиот центар А1  Арена „Борис Трајковски“.

Министерот истовремено посочи дека паралелно со вакцинацијата на пратениците, се одвива и имунизацијата на повозрасните граѓани над 73 години.

-Процесот на вакцинација добро се одвива на територијата на целата држава во сите пунктови. Од вакцината на АстраЗенека се останати уште околу 5.000 дози и како дополнување на тоа уште околу 5.000 од вакцините од Фајзер кои пристигнаа ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови за да непречено се одвива процеот на вакцинација против корона вирусот. Со оваа количина и со уште 150 до 200 дози целосно се искористува на вакцината од Спутник V. Околу 1.000, односно половина од количината на Синофарм кои стигнаа како донација од ОАЕ се искористени. Денеска добивме една листа од Фајзер со која ни беше презентиран распоредот според кои ќе пристигаат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5.000 до 7.000, односно вкупно околу 26.000 предвидени се да стигнат во мај. Тоа е една количина која ќе испланираме како да бидат дистрибуирани, рече Филипче.

Тој најави дека веднаш Велигден треба ќе почне и имунизацијата со кинеската вакцина на „Синофарм“, која треба да стигне на 28. април.

-Она за што се спремаме е целокупната количина од 200 000 дози на вакцината „Синофарм“ која треба да стигне околу 28 април, а за што е спремен и планот и дистрибуцијата согласно бројот на пријавени граѓани. Веднаш после пристигнувањето, веројатно тоа ќе се преклопи со велигденските празници, ќе биде дистрибуирана ширум државата и вакцинацијата со оваа вакцина ќе започне во вторник непосредно по завршувањето на велигденските празници, изјави Филипче.

Во меѓувреме, како што нагласи министерот, ќе бидат подготвени и спортските сали во шест градови, односно салата во Охрид е веќе готова, а наредната недела и тие во Штип, Куманово, Битола, Тетово и Кавадарци ќе бидат спремни и опремени со фрижидери.

А.Б.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

Советот на јавни обвинители доби нов претседател

Советот на јавни обвинители доби нов претседател

Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ ХАЈРАЛУХИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛ: Советот на јавни обвинители одлучи да му престане функцијата

ОБВИНИТЕЛОТ ХАЈРАЛУХИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛ: Советот на јавни обвинители одлучи да му престане функцијата

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа