07 Јануари, 2025
0.0249

Фактор открива: Не се само Пешевски и Миновски, туку и Веле Самак, Игор Ивановски, Никола Поповски се дел од советодавниот тим на Битиќи

Објавено во: Економија 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Не само поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии Кирил Миновски туку и други поранешни функционери и многу професори се дел од иницијативата „За татковината со љубов“. За нив двајца вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи на Телма не потврди директно, но на конкретното прашање тој одговори дека секој што ја сака татковината е дел од тимот.

„Можам да кажам дека и тие двајца си ја сакаат татковината“, рече Битиќи.


Фактор има сознанија кои други луѓе влегоа во иницијативата освен Пешевски и Миновски кои секако се дел од овој проект. Впрочем се мобилизираат најдобрите познавачи, експерти стопанственици. 

Меѓу нив е и Веле Самак, поранешен министер без ресор во Владата со која раководеше Никола Груевски и тоа во времето од 2006 до 2017 година, но и Никола Поповски поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ. Дел од иницијативата ќе биде и Игор Ивановски, професор на Економскиот факултет, Ванчо Узунов, професор на Правен факултет еден од советниците на премиерот, Борче Треновски, универзитетски професор, но и Дарко Лазаров, професор на УГД Штип, член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска во текот на денот рече дека бил повикан но не присуствувал на првиот состанок.

Во Иницијативата се и Виктор Мизо, Љупчо Зиков и Висар Адеми. 

Според нашите информации дел од За татковината со љубов се и професорите Марјан Петрески, Благица Петреска, Никица Мојсовска и Олимпија Христова Заева. Во проектот е и Горан Рафајловски.

„За татковината со љубов“, што ја иницира Битиќи, е неформално советодавно тело чија цел е во носењето на економските политики да се вклучи и експертската јавност и на тој начин да даде придонес за развојот на земјата. Првиот состанок на оваа платформа се одржа 3 декември, при што на онлајн средбата учествуваа стопанственици, универзитетски професори, економски експерти, претставници на невладини организации, како и поранешни министри, без оглед на политичката ориентација, родовата или етничка припадност.

Тогаш Битиќи на фејсбук напиша:

„Со голема радост денеска ви ја претставувам платформата „За татковината со љубов“, на која заедно со мојот тим работиме од првиот ден.Ја крстивме „За татковината со љубов“ затоа што е токму тоа, обединување и работење за заедничка мисија а тоа е - економска благосостојба на татковината и граѓаните кои живеат во неа. Идејата зад неа е на едно место да се соберат водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање... И да претставуваат советодавно тело за економски стратешки размислувања.

Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој, напиша Битиќи.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА BYD ГО ПРЕСТИГНА ТЕСЛА: Во 2024 испорача скоро 510.000 возила

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА BYD ГО ПРЕСТИГНА ТЕСЛА: Во 2024 испорача скоро 510.000 возила

ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБА ВО ЕВРОПА ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Во оваа земја на Балканот е најлошо

ЗАГРИЖУВАЧКА СОСТОЈБА ВО ЕВРОПА ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Во оваа земја на Балканот е најлошо

Божиќна честитка од Сања Божиновска: Празник на светлина и добрина

Божиќна честитка од Сања Божиновска: Празник на светлина и добрина

КУЛТНИ БРЕНДОВИ КОИ ЗГАСНАА ВО 2024: Esprit, The Body Shop, Tupperware...прогласија банкрот

КУЛТНИ БРЕНДОВИ КОИ ЗГАСНАА ВО 2024: Esprit, The Body Shop, Tupperware...прогласија банкрот

ОСУМ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА КОИ ИМААТ СОВРШЕНИ СТАНБЕНИ КРЕДИТИ ЗА МЛАДИ: Нула каматна стапка во Франција

ОСУМ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА КОИ ИМААТ СОВРШЕНИ СТАНБЕНИ КРЕДИТИ ЗА МЛАДИ: Нула каматна стапка во Франција

ОД ОВАА ЗЕМЈА ОД СОСЕДСТВОТО ЌЕ СЕ ЛЕТА ВО ШАНГАЈ: Првиот лет е на 11 јануари, ќе се лета директрно и два пати неделно!

ОД ОВАА ЗЕМЈА ОД СОСЕДСТВОТО ЌЕ СЕ ЛЕТА ВО ШАНГАЈ: Првиот лет е на 11 јануари, ќе се лета директрно и два пати неделно!

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА: Николоски откри убава информација, се работи на забрзување на граничниот премин „Богородица“

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА: Николоски откри убава информација, се работи на забрзување на граничниот премин „Богородица“

ВО ОВАА ЗЕМЈА ДУРИ И ГЕРМАНЦИТЕ ОДАТ ДА РАБОТАТ: „Платите се двојно повисоки, не се враќам назад“

ВО ОВАА ЗЕМЈА ДУРИ И ГЕРМАНЦИТЕ ОДАТ ДА РАБОТАТ: „Платите се двојно повисоки, не се враќам назад“

ОВА Е НАЈТОЧНАТА АВИОКОМПАНИЈА ВО СВЕТОТ: Остави одлчна година зад себе, еве за која компанија станува збор

ОВА Е НАЈТОЧНАТА АВИОКОМПАНИЈА ВО СВЕТОТ: Остави одлчна година зад себе, еве за која компанија станува збор