26 Април, 2024
0.0299

ФАШИЗМОТ ОСТАНУВА И НЕМА ДА БИДЕ ОТСТРАНЕТ НИТУ ЕДЕН СПОМЕНИК: Заев за разликите меѓу нацистичка и сегашна Бугарија

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев по денешниот настан во Министерството за одбрана, одговарајќи на новинарски прашања околу најавата дека од учебниците и од спомениците ќе се брише терминот „бугарски окупатори“, појасни дека нема дилема дека кон нацистичка Германија се приклучуваат и други нацистички држави, меѓу кои и Бугарија, но, како што рече, тогашната нацистичка Бугарија не е иста со сегашната Република Бугарија.

-Јас, моите деца и моите родители сме учеле, исто што го учеле во нашата земја дека Втората светска војна е настаната под организација на нацистичка Германија, на која се приклучила нацистичка Италија, Јапонија, а потоа и други земји. Точно е дека  на Третиот Рајх тогаш се приклучила и нацистичка Бугарија и тука не треба да има дилема. Но, тоа била нацистичка Бугарија и не е истата како сегашна Република Бугарија. Не станува збор за никакво бришење на историјата. Бугарија тогаш донела одлука да стапи во пакт со фашистичките земји, а Македонија во тоа време донела одлука да им се приклучи на антифашистичките сили. И тука нема дилема. Фашизмот останува и нема да биде отстранет ниту еден споменик. Сите си го знаеме нашето минато, горчините и предавствата. Но, од нас зависи дали ќе стиснеме заби и ќе влеземе во Европа, давајќи им шанса на идните генерации. Ние ги носиме одлуките и ние одлучуваме како да живееме во иднина и како да ги креираме нашите патишта, истакна Заев.

Премиерот очекува дека најрано во декември Македонија може да очекува зелено светло од Бугарија, нагласувајчи дека сè што ќе се постигне како договор и сè што ќе се земе како обврска ќе биде паралелно и обострано спроведувано откако земјава ќе ја добие поддршката. Сосема исто, како и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека Бугарија го прекршила Членот 2 од Договорот за добрососедство кој вели дека ќе ја поддржи Македонија на патот кон ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“