19 Мај, 2024
0.0352

Фатмир Битиќи на страната на Фуркан: Го уапсија зошто ги разоткри

Објавено во: Македонија 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Воцепремиерот за економски прашања,Фатмир Битиќи, го осуди вчерашното апсење на новинарот Фуркан Салиу, кој според МВР и актуелниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски, инаку кадар на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикал инцидент со напад на полицаец на фудбалски натпревар, а при тоа во автомобилот му бил најден пиштол.
„ВМРО – МВРО никогаш повеќе! Пред неколку дена ВМРО беа фатени со лажни анкети и ширење на лажни вести. Денеска ВМРО – МВРО го уапси Фуркан Салиу, новинарот кој ги разоткри. Што е следно?

Да тепаат студенти во библиотека? Да влезат насилно во Собрание ако не им се допаднат изборните резултати? Да прислушуваат илјадници граѓани? Да направат војна? Нов Мартин Нешковски? Нов Кежаровски?

Режимот на ВМРО-МВРО денеска повторно го гледаме на дело! Мораме да бидеме будни и одлучни во нашата решеност да се спротивставиме на секое враќање на тиранијата и угнетувањето на наследниците на Груевски, кои сега се вдомени во Белата палата на најбогатата партија во Европа“, гласи дел од реакцијата на вицепремиерот.
Салиу доцна синоќа беше пуштен од полицска станица, а тој рече дека на нисколигашкиот натпревар присуствувал затоа што „знаел дека ќе има нереди“ и дека сакал да одбрани навивач кого го нападнала полицијата. 

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје