28 Април, 2024
0.0271

Фејсбук ќе воведе копче за ,,сочувство”

Објавено во: Стил 16 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Веста дека популарната социјална мрежа Фејсбук ќе воведе компче за ,,дислајк” ги израдува корисниците кои веќе долго време повикуваат да се воведе оваа опција.

Но, на крајот сопственикот изјави дека компанијата работи на поинаква опција, бидејќи како што вели не сака да се претвори Фејсбук во форум на кој луѓето ќе гласаат против некоја објава.

„Тоа не изгледа како видот на заедницата што ние сакаме да ја создадеме“, изјави Zuckerberg.

Новата опција е предвидена за корисниците да можат да изразат емпатија, односно сочуство кон некоја објава.

Досега некој објавуваше некаква тажна вест, се случуваше непријатна ситуација во која луѓето кликаа „ми се допаѓа“, односно копчето „лајк“ беше единствениот начин на кој тие можеа да изразат некакво чувство во врска со ваквите постови.

На Фејсбук ќе можеда се замени копчето „лајк“ со новата опција или да го додадат ново копче (кое би можело да гласи „сори“ или нешто слично) покрај постоечките опции.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти