09 Октомври, 2024
0.0253

ФЕЈСБУК СЕ ПОДЛАБОКО ВО ПРОБЛЕМИ: Уште една фирма собирала податоци на корисниците?

Објавено во: Стил 07 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата Фејсбук соопши денес дека е запрена соработката со канадската фирма за консултантски услуги во политиката Aggregate IQ , откако е објавено дека е можно таа фирма на несоодветен начин да имала пристап до личните податоци на корисниците на Фејсбук.

Фејсбук се наоѓа под голем притисок откако е откриено дека податоците на милион корисници завршиле во раце на консултантската фирма „Кембриџ аналитик“, а Кристофер Вајли, кој некогаш работел за „Кембриџ аналитик“ тврди дека таа компанија соработувала со кандската „Aggregate IQ“.

„Во светот на неодамнешните наводи дека е можно „Aggregate IQ“ да е поврзан со SCL и дека е можно , како резултат на тоа, на несоодветен начин добил податоци на корисниците на Фејсбук, ги додадовме на листата ентитети со кои ја запревме соработката додека трае нашата истрага“, се наведува во соопштението на Фејсбук.

SCL е скратенка за фирмата „Лабораторија за стратешки комуникации“, која има договор со владата и војската и е сопственик на „Кембриџ аналитик“.

Вајли тврди дека „Aggregate IQ“ примал пари од групи за кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ, пред гласање на референдумот во 2016 кога Британците избраа да ја напуштат Унијата.