18 Мај, 2024
0.0266

Фероинвест тврди: Учествуваме на тендери каде може да понудиме квалитет по соодветна цена

Објавено во: Економија 11 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во јавноста деновиве се споменуваше името Фероинвест за тендерот за набавка на транспортни ленти во ЕЛЕМ, но никој не побара став од компанијата иако и досега и понатаму сме целосно транспарентни во комуникацијата со јавноста, реагираат од компанијата откаде што ја дадоа следната реакција:

„Компанијата Фероинвест во конзорциум со турската компанија Озербанд ќе се наддава на тендерот на ЕЛЕМ за транспортни ленти во РЕК Битола. Нашата компанија изминатите години учествува на тендери каде може да понуди квалитет по соодветна цена, самостојно или со партнерска компанија. Во склопот на Фероинвест работат неколку компании со околу 800 вработени, кои по својата експертиза имаат меѓународно искуство и пласман на производите на светски пазари. Компанијата, изминативе две децении постави стандарди и е пример за современа деловна профилираност во областа на металната индустрија и енергетиката во Македонија. Фероинвест работи според европски стандарди, квалитетот е препознаен на меѓународните пазари, каде во моментов извезуваме во 22 држави. Како водечка компанија во овие сегменти и стратешките деловни проекции на домашниот и странскиот пазар, компанијата ќе продолжи да работи соодветно на досегашната практика со целата своја експертиза и професионалност како и досега, во интерес на своите вработени. Учеството на тендери во Македонија е право на секое правно лице кое ќе докаже со документација и со референти проекти дека може да ја изврши работата. Тоа право ќе го користиме секогаш кога ќе може да понудиме квалитет со соодветна цена. Целиот процес на работа на нашите компании е јавен и транспарентен, посебно кога станува збор за нашиот холдинг кој постои речиси две децении, а каде г-динот Кочо Анѓушев не е дел од ниедна раководна позиција во овие компании“, се посочува во известувањето до медиумите.

Оттаму, соодветно на транспарентноста велат дека и понатаму се отворени за секое понатамошно прашање на оваа тема.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра